• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 8, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

ЦИВИЛ со семинари за слободни избори во Битола и Охрид

октомври 1, 2015
in Тикер

ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со серијата семинари на тема Слободни избори за слободни граѓан(к)и кои се во рамките на истоимениот проект на ЦИВИЛ.

Семинари за слободни избори ќе се одржат во Битола, на 3 октомври (сабота) и во Охрид, на 4 октомври (недела). Предност за учество на овие семинари имаат членови и поддржувачи на ЦИВИЛ, како и оние што ги предлага соодветниот регионален координатор во наведените градови. 

Учесниците на семинарите ќе се запознаат со неколку различни аспекти на работата на ЦИВИЛ  поврзана со изборите, гласачкото право и човековите права и слободи воопшто. Исто така, овој семинар е почетна фаза за градење на широка мрежа за поддршка на процесите кои треба да водат кон слободни избори.

По секој одржан семинар, учесниците се добредојдени да поставуваат прашања и да побараат дополнителни насоки и обука на индивидуално ниво. Мобилниот тим на ЦИВИЛ ќе биде постојано на располагање да дојде во местото на живеење на учесниците или тие ќе можат во секое време да го посетат седиштето на ЦИВИЛ.

Семинарите се еднодневни и опфаќаат теоретски и емпириски аспекти на изборните процеси, изборни системи и системски недостатоци, политичка кампања и улогата на медиумите, мониторинг, известување и едукација за изборните процеси, гласачкото право и човековите права и слободи воопшто , како и практични насоки за мониторинг на изборните процеси.

Од учесниците на семинарот се очекува да останат активни и редовно да доставуваат информации за состојбите на теренот, да бидат едукатори и да ги распространуваат информациите и знаењата во своите средини.

ЦИВИЛ ќе формира и Регионални работни групи за слободни избори на кои ќе покани претставници на политичките партии, општините, граѓанските организации, медиумите, локалните институции, бизнис заедницата, лидерите во заедниците и други заинтересирани граѓанки и граѓани.

Слободни избори за слободни граѓан(к)и е проект кој ќе придонесе во процесот на подготовка на слободни избори во Република Македонија, со поддршка од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Овој проект ја претставува потребата на граѓан(к)ите да се создадат услови за спроведување на избори во демократска атмосфера со почитување на човековите права и слободи, пред сè, со почитување на слободната волја на гласачите.

Проектот воведува уникатни приоди и методологии кои ќе обезбедат информации и знаења врз основа на долгорочен мониторинг на човековите права и политичката ситуација во изборен контекст и воопшто. Исто така, проектот ќе овозможи граѓанска едукација за правото на глас, јакнење на јавната свест за изборните нерегуларности, како и препораки за воспоставување изборен систем кој ќе обезбеди слободни и демократски избори, најавуваат од невладината ЦИВИЛ . 

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 98
Share
Previous Post

Одбележан празникот на Светите Вера, Љуба, Нада и Софија

Next Post

„Мојот живот, мојот свет“ утревечер по 23 часот со Хулија Хилми

Next Post

„Мојот живот, мојот свет“ утревечер по 23 часот со Хулија Хилми

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 98

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk