• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Црните лебеди Адам и Лилит ќе бидат нов украс на Охридското Езеро

октомври 21, 2016
in На минување

Деновиве покрај белите во Охридското Езеро ќе се вдомат и два црни лебеди. И овој пат, како и пред речиси две години со белите пауни – „виновници“ во позитивната смисла на зборот ќе бидат членовите на Лајонс клубот „Лихнидос“ .

Во рубриката „На минување“ д-р Зоран Тунтев член на клубот и редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид во еден здив ни ја раскажа идејата која се надева дека ќе наиде на одобрување и восхит во градов, а и пошироко.

-Лајонс клубот „Лихнидос“ има  свој почесен член од Белград, тоа е Србољуб Алексиќ – директор на Зоолошката градина „Бео Зоо Врт“  Лани, на моја иницијатива, го замолив Србољуб  да издејствува донација од зоолошката на два бели пауни. Тоа го стори и нив ги подаривме на манастирот Св. Наум.

srboljub

Акцијата беше многу добро изведена и успешна.  Белите пауни  се вистинска атракција во манастирот. Засега тие се одлично и мене тоа многу ме радува. Имаше обид два пати да ги украдат и однесат во соседна Албанија ,преку граница. И два пати пауните се вратија назад! Луѓето од манастирот  велат дека најверојатно тоа е уште едно од  чудата и моќта на св. Наум.

По оваа,  одлучивме да направиме нова акција, овој пат со  два црни лебеди.

Пред еден месец двата црни лебеди ги донесовме од Белград и ги ставивме во карантин. Така, како што налагаше  протоколот на Агенцијата за храна и ветерина на Република Македонија. Лебедите потекнуваат од Нов Зеланд и Австралија. Со белите лебеди нема да имаат никаков проблем. Нашето езеро ќе им биде како Рај на Земјата.

crni lebedi

Лебедите во карантин 

Ветеринарниот инспектор, Проки Попстефанија, памети дека неговиот татко, инаку едно време директор на „Отекс“, ако не се лажам, уште во седумдесеттите години на ХХ  век донесол неколку бели и неколку црни лебеди во Охрид. Прво биле во дворот на фабриката, потоа ги префрлиле во езеро.  За жал, набргу настрадале од несовесни охриѓани. Тој го следеше карантинот  ги проверуваше птиците (и лебедите сега и пауните лани), така што од негова страна добивме одлична, професионална поддршка.

So Diki i Srba na kosarka

Лајонсите д-р Зоран Тунтев и д-р Диел Аголи со директорот на зоо – градинката Србољуб Алексиќ 

Секаде во Европа (а видов во Белград, во Виена и во Лисабон) црните имаат одличен соживот со белите лебеди. И секаде добив позитивен одговор на моите дилеми. Најголем непријател на црните лебеди, како и на белите ќе им биде  човекот. Оној неписмен, необразован, некултурен. Е,црните лебеди  ќе бидат уште еден  добар тест за нашите сограѓани.

ekipa vo akvarius

Дел од Лајонс клубот „Лихидос“ во „Аквариус“ на хуманитарна акција

Двата црни лебеди – машко и женско ги крстивме Адам и Лилит. Во понеделник од пред познатата охридска кафетерија „Аквариус“ точно напладне планираме прво во езерото да ја пуштиме женката Лилит. Кога таа ќе одбере место, зона, дел од езерото, тогаш ќе  дојда на ред и Адам, вели за Публицитет. мк  д-р Зоран Тунтев редовен професор на ФТУ- Охрид и член на Клубот„ Лајонси – Лихнидос“.

Милчо Јованоски, Публицитет.мк 

Посетеност: 140
Share
Previous Post

НБМ ја пушти во оптек кованaтa парa за колекционерски цели „свети Никола Чудотворец“

Next Post

„Мојот живот, мојот свет“: Коста Фортомар

Next Post

„Мојот живот, мојот свет“: Коста Фортомар

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 140

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk