Многумина повозрасни љубители во музиката сигурно се сеќаваат на еден голем музички хит кој е создаден во далечната 1966 година .Се работи за песната „ Црното е црно“за која верувам дека на малкумина им е познато дека оригиналната изведба е на еден шпански состав.
Се работи за групата „ Лос Бравос“која ја сочинуваа басистот Мигел Висенс Данус, гитаристот Тони Мартинез, оргулистот Мануел Фернандез и тапанарот Пабло Санхели.Тие четворица порано членувале во групата „ Лос Сонорс“,а заедно со германскиот пејач Мајкл Когел правеле обиди да постигнат успех на европскиот пазар правејќи поп музика која ја пееле на англиски јазик.
Откако потпишале договор со шпанскиот огранок на kompanijata Дека Рекордс, тие заминале во Англија за да соработуваат со британскиот продуцент,аранжер, диригент и композитор Ивор Рајмонд кој направил неколку хитови во Велика Британија .
Во негова продукција во 1966 година групата „ Лос Бравос“ за компанијата Дека Рекордс го објавуваат својот дебитантски сингл „ Црното е црно“ зад која стојат авторите Мишел Грејнџер, Тони Хејс I Стив Вејди.
Песната за првпат се појавува на американската топ листа на Билбоард во август 1966 година на местото број 100.Веќе во октомври песната се искачува на четвртото место и таму останува цели 12 недели.
Песната во меѓувреме се искачува на првото место на канадската топ листа на синглови и на второто место на најслушани синглови во Велика Британија.
Со овој успех , групата „ Лос Бравос“ стана првиот шпански рок бенд кој успеал да има меѓународен хит сингл.Синглот во Шпанија бил продаден во тираж од два милиони примероци.
Интересно е да се спомене дека вокалот на пејачот на групата Мајкл Когел е мошне сличен со вокалот на тогаш познатиот Џин Питни , така што многумина помислиле дека песната „Црното е црно“ е нов сингл на Џин Питни.
Има уште еден интересен момент сврзан со овој голем хит.Имено,непосредно по нападите на 11. септември 2001 година , американската компанија за конгломерат во медиумите „ Clear Chanel Communications” дистрибуирал меморандум до директорите на 1000 радио станици на компанијата во кој е објавен список на 162 песни со „сомнителни стихови“кои станиците требало да избегнуваат да ги емитуваат на своите програми. Една од песните на списокот била и песната „ Црното е црно“.
Песната доживеа извонреден успех во Франција кога нејзината верзија на француски ја отпеа големата француска рок ѕвезда ,Џони Холидеј.Неговата изведба седум недели го држеше првото место на топ листата на синглови во есентта 1966 година.
Песната ја препеа и француската група „ Бел епок“во 1976 година . Нивниот сингл се искачи на второто место во Велика Британија а во Австралија се најде на местото број 1 во октомври1978 година.
Клупската верзија на овој голем хит е такаречи неизбежеn дел од програмата на големите диско забави.
Од многуте верзии на оваа песна , за нејзино потсетување, се одлучивме за изведбата во живо на еден од многите концерти на француската рок ѕвезда Џони Холидеј заедно со Еди Мичел и Жак Дитрон одржан во Париз во јули.2017 година ,само неколку месеци пред да замине во вечните ловишта.Концерт за паметење, нешто неизводливо и незамисливо во оваа 2020 година во време на пандемијата од корона вирусот.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк