Со добивање на лиценца за провајдер на социјални услуги, во рамките на Црвен крст – Охрид официјално со работа започна Нега Центар кој нуди помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот.
Нега центарот им нуди можност на нашите постари граѓани да живеат независно онаму каде што се чувствуваат најудобно – во своите домови. Ние сме единствен провајдер на услуги за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот на територија на Општина Охрид, велат од Црвен крст и додаваат: располагаме со професионални и сертифицирани негуватели кои нудат домашна помош и домашна нега, пред сè за постарите граѓани, но и за сите граѓани кои имаат потреба од ваков вид поддршка. Основната цел на Нега центарот – Охрид е да го подобри и одржува здравјето на корисникот во неговото семејно опкружување, велат од Црвен крст.
Публицитет.мк