Во соработка со ЈП Охридски Комуналец на просторот пред седиштето на Црвениот крст децата што ја следат Бреинобреин програмата, заедно со возрасните волонтери од Програмата за грижа за стари лица ќе засадат садници кои ќе ја симболизираат поврзаноста на генерациите преку екологијата и хуманоста.
Исто така, најмладите волонтери на Црвен крст Охрид ќе ги изразат своите размислувања и пораки за заштита и зачувување на здрава животна средина преку цртање на плочникот пред Црвен крст Охрид.
Активностите ќе се реализираат денеска – петок во периодот од 12:30-13:30 ч.
Публицитет.мк