Насмевката ги покажува нашите чувства, емоции, но и годините. Кога имате убава и здрава насмевка сите велат дека сте убави, сензуални, млади и витални. Лицето е најважниот дел за комуникација, а убавата насмевка е главниот предуслов за да здобиете симпатии и убав впечаток кај соговорниците. Кога сте задоволни од својата насмевка, едноставно сте задоволни со себе и имате поголема самодоверба. Доброто орално здравје е од витално значење за идната мајка и нејзиното бебе. Доколку се работи за планирана бременост, многу е важно да се посети стоматологот пред бременоста, за дa се поправат кариозните заби и да се санира устата. Тоа ќе ги спречи несаканите компликации и ќе ги зачува забите. Во тек на бременоста најважно е да се одржува редовна орална хигиена.
По повод Интернационалниот ден на оралното здравје 20 март, Црвен крст Охрид на 21 март 2016 година од 19:00 часот ќе организира предавање на тема ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ ВО БРЕМЕНОСТА.
Ги покануваме сите заинтересирани бремени жени и оние кои планираат бременост, да ја искористат оваа можност да ги слушнат одговорите на најчесто поставуваните прашања во врска со важноста на оралното здравје во бременоста.
Предавањето ќе го одржи Д-р Кристина Стојаноска Алоска, волонтер во Црвен Крст Охрид.
Настанот е поддржан од стоматолошката ординација ПЗУ „Д-р Сашо Стоев“, која за сите трудници, присутни на предавањето ќе овозможи бесплатни стоматолошки прегледи.
Публицитет.мк