• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јули 7, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Црвен крст – Охрид : „Преку поезија до хумани вредности“

септември 25, 2015
in Тикер

Оваа година во рамките на одбележувањето на ПХВ неделата Црвен крст Охрид ќе организира ПХВ поетски читања. Младите  ќе имаат можност да истражуваат кои поети твореле во нашата средина и истото преку читање на извадоци од нивните дела, да го презентираат пред публиката.

Настанот ќе се реализира утре  (сабота) на платото на малиот плоштад-фонтана кај „Мини маркет“ со почеток во 18 ч.

Преку поезијата  младинците на Црвен крст – Охрид ќе испратат порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирање кои се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот, а сите ние како дел од заедницата во која живееме  имаме одговорност да дејствуваме.

Ги покануваме нашите сограѓани да бидат дел од овој настан и да уживаат во поетското читање, традиционална храна и музика.

Pokana

Имајќи ја предвид Стратегијата 2020 на Црвениот крст на Р. Македонија, во која третата стратешка цел е унапредување на социјалната вклученост и култура на ненасилство и мир, од пред 4 години  е воведена нова недела во традиционалниот календар на активности, недела на Промоција на хумани вредности, од 21-27 септември.

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија,  Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија,  младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата.

Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 13 до 17 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за добробит на своите заедници. Оваа година, од страна на младинците учесници во ПХВ циклусот 2015, изработени се 192 мали проекти преку кои им е дирекно помогнато на околу 4000 лица.

Публицитет.мк 

Посетеност: 106
Share
Previous Post

Почнува Преспанскиот јаболкобер

Next Post

Кампања „Вози трезвен-стигни жив“ – вечерва ќе се делат такси ваучери на оние со повеќе промили алкохол во крвта

Next Post

Кампања „Вози трезвен-стигни жив“ - вечерва ќе се делат такси ваучери на оние со повеќе промили алкохол во крвта

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 106

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk