• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Црвен крст – Охрид во недела со бројни активности

септември 30, 2022
in На минување
Црвен крст – Охрид во недела со бројни активности

Црвен крст Охрид, на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски, во недела на 2 октомври ќе организира повеќе настани. 

–          12:00 ч. Одбележување на 12-от роденден на првиот Центар за развивање на животни вештини на Балканот, Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Младите кои ја следат Бреинобреин програмата во нашиот центар, со своите тренери, ќе презентира бројни вештини и техники на мултитаскинг и работа со абакус. Ќе биде овозможено запишување во есенскиот циклус на следење на Бреинобреин програмата на деца од 5-14 годишна возраст, а за децата од 3-5 годишна возраст ќе се понуди можноста за следење на новата  едукативна програма на Едукативниот центар на Црвен крст Охрид, ПОЛЕТАРЧЕ, преку која на забавен и креативен начин, приспособен за возраста, се  подготвуваат деца за во училиште.

–          13:00 ч. Одбележување на Меѓународниот ден на стари лица под мотото „Отпорност на старите лица во свет кој се менува“. Групата за поддршка на стари лица при Црвен крст Охрид ќе ги промовира своите активности и ќе биде дел од Јога-смеа активноста.

–          13:00 ч. Одбележување на 26-от роденден на Клубот на млади на Црвен крст Охрид и започнување на кампања за одбележување на Неделата на млади под мотото „Биди причина за нечија насмевка“-просторот ќе биде организиран со 10 катчиња, како Црвена зона за млади каде ќе се промовираат клучните аспекти на младинското делување, многу забава, дружење и незаборавните моменти кои се пропратни во работењето.

–          14:00 ч. Кампања за ширење на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел едукацијата и подигање на свеста на населението за правилно и навремено укажување на прва помош, како клучен фактор во спречување и намалување на инвалидитетот и спасување на човечки живот, каде волонтери на Црвен крст Охрид, стручни лица, едукатори, демонстратори по прва помош, парамедици ќе реализираат презентација на вештини и техники за укажување прва помош, промоција на опрема за укажување на прва помош, ќе делат едукативен материјал и совети за прва помош и самопомош при најразлични ситуации и несреќи.

Посетителите на Градскиот плоштад ќе имаат можност да ја запознаат „Линијата за здрав живот“ на Охридскиот тим на Орифлејм, Тим Татјана 421-Охрид, да дегустираат од производите од Wellness програмата и да ја одредат својата телесна тежина и комплетната здравствена состојба на својот организам со мерење на Танита вага.

Настанот ќе биде поддржан со присуство на Градоначалникот на Охрид и Генералниот секретар на Црвен крст на Северна Македонија. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 136
Share
Previous Post

Промовирана стихозбирката „Позајмениот куфер“ од Наум Трајчески – сага за Македонецот низ светот

Next Post

Денес им е роденден: Александар Никодиновски

Next Post
Денес им е роденден: Александар Никодиновски

Денес им е роденден: Александар Никодиновски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 136

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk