• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

„Цветинова награда за мир“ за 77-от роденден на „Нова Македонија“

октомври 29, 2021
in Омнубус
„Цветинова награда за мир“ за 77-от роденден на „Нова Македонија“

Македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин, денеска во дворот на редакцијата на „Нова Македонија“ ќе ја врачи „Цветиновата награда за мир“, за 77-от роденден на првиот македонски дневен весник, кој над 35 години ја промовира и поддржува неговата мироносна мисија со „Цвеќето на мирот“.

 

Во текот на настанот ќе бидат изложени и артефакти од почетоците на „Нова Македонија“ – машина за пишување, фотоапарат, телефон, букви за висок печат, клишеа и слично.

247639254 1537402756626255 6477422152695913213 n 696x451

Претходно по повод 24 октомври, Денот на ООН,  беше доделена “Цветиновата награда за мир” , на 80 годишниот Димитар Илиевски од Скопје, интернационален шаховски мајстор.

Поранешниот нобеловски кандидат, уметникот и хуманист Живко Поповски – Цветин ја востанови оваа награда со цел да ги обележи луѓето кои со своето дело придонесуваат за мир и ширење на идејата за мир.
Прв добитник е Димитар Илиевски, шаховски мајстор кој одбележува 9 значајни јубилеи ( 65 години од освоено второ место на Сениорско првенство во Битола во шах; 60 години еден од најдобрите шахисти во Македонија, 50 години шаховско мајсторство, 50 години најдобар шахист на Македонија, 50 години 120-то место на светската рејтинг листа, 40 години од играната рекордна симултанка со 58 шахисти…).
Годинавасо порака ,,Со мудрост до /за мир”, Димитар ќе одигра уште 50 партии шах (досега одиграл 50) по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Инаку Конески бил и прв претседател на Шаховскиот сојуз на Македонија.

Цветин досега подарил над 60.000 свои слики и организирал над 300 изложби во Македонија и во светот (Шведска, Полска, Германија, Италија и Канада), како и во поранешните југословенски држави (Србија, БиХ, Хрватска, Црна Гора).

Во 2009 година тој беше номиниран за „Нобеловата награда за мир“ и се најде меѓу петте најсериозни кандидати од 20-те предложени. Во 2015 година, Цветин создаде слика од 1.001 метар.

Извор: Нова Македонија и КулАрт

Публцитет.мк

 

Посетеност: 124
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Димитар Рилкоски,

Next Post

Серија земјотреси утрово во земјава

Next Post
Серија земјотреси утрово во земјава

Серија земјотреси утрово во земјава

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 124

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk