Уште еден настан посветен на чествувањето на јубилејот 150 години од раѓањето на Ѓоце Делчев, овој пат во Штип.
Познатиот уметник Живко Поповски- Цветин во Ново Село – Штипско, каде Гоце Делчев ја спроведувал својата епохална учителска мисија, ја посла својата цветна патека со 150 рози.
Настанот продолжи на повеќе места кои го носат името на великанот, како Штипскиот Универзитет Гоце Делчев, истоименото основно училиште, автопатот “Гоце Делчев” и на традиционалното празнување “Четрсе” на Исарот.
Цветин, придружен од активистот Зоран Мијалков и Сузе Арсовска, подели 150 цветни цртежи, на ученици од овие училишта, но и на поетската манифестација “Четрсе” која се одржа во Домот на Млади.
Оваа година уметникот со своето уметничко дело ќе го одбележува раѓањето на Делчев, со низа настани и подарување на свои цртежи со рози.

Публицитет.мк