Охриѓанецот д-р Виктор Груев смело чекори во светот на науката и технологијата. Во мигов тој предава и врши научни истражувања со својот тим и студентите од Универзитетот во Илинос – САД.
Д-р Груев заедно со останатите истражувачи од Универзитетот во Илиноис разви подводен ГПС метод користејќи информации за поларизација собрани со камера инспирирана од биографии, имитирајќи ги очите на ракчиња од родот Мантиси и претходно употребени од страна на научникот во друго истражување. ( ПРОЧИТАЈТЕ ТЕКСТ ПОД ВИДЕОТО ). Наодите, објавени во светското научно списание „ Научен напредок“ , се првите кои демострираат пасивен подводен GPS со користење на поларизирачките својства на подводното светло. Оваа технологија може да отвори нови можности за подморска навигација и разбирање на миграторното однесување на морски животни.
Камерата, со варијација на поларизатор се вика Mantis Cam и при ракувањето со неа се користи предноста на светлината која се прекршува и минува низ површината на водата, пришто се одбива од честички и молекули на вода. Ова е дел од текстот и содржината на две ипол минутното видео на кое д-р Груев ја тестира камерата на чие пронаоѓање работеше подолго време. Тестирањето го започна во Сан Франциско,Мексико, па продолжи во Кордоба – Аргентина, па на јгот на Африка во Австралија и на крајот или почетокот ако сакате во Охрид во нашето Охридско Езеро. Ова моќно видео кое е доказ за напредокот на науката и технологијата е преубава реклама и за Охрид.
До д-р Виктор честики и за едно и за другото.
За Виктор Груев , Публицитет.мк пишуваше уште пред две години, Тој е пронаоѓач и на специјални очила со кои хирурзите за време на операција можат да ги видат клетките на туморот. Пронајдокот е вистинска мини револуција во светската медицина, бидејќи овозможува прецизно отстранување само на заболените клетки без да се уништи и здравото ткиво.
Во емисијата “EXPLORER” Д-р Груев беше претставен како футуристички научник кој го изучува сложениот вид на инсектите и други мали животни со цел да развие технологија со која ќе се детектираат клетките на ракот. Груев вели дека природата изградила комлексни системи за вид кои на живите суштества им овозможуваат да опстанат, а посебно е фасциниран од видот на малото морско ракче Мантис. Според Груев тоа има сложени очи со нано келии и исклучитено чувствителни сензори за вид кои распознаваат шеснаесет различни спектри на бои, од сина до инфрацрвена, односно гледаат неколку милиони бои повеќе од човекот.
„Технологијата со поларизација на слики има потенцијал револуционерно го промени начинот на кој гледаме на многу проблеми во медицината и да помогне да се дијагностицира рак, и што е важно оваа технологија е евтина.“ – изјави Виктор Груев во прилогот “National Geographic”.
Публицитет.мк