Во недела на 17 декември од 13 до 17 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид ќе се одржи хуманитарен настан организиран од страна на Македонската мисија за хуманост во соработка со здружението за заштита на животните „Анималиа“ од Охрид.
Настанот ќе биде со цел да се приберат донации за изградба на нов стационар. Ќе ве пречекаме со топло вино, колачи и ќе биде поставено платно на кое што ќе може да се сликате со новогодишна тема и ќе имаме кученца за вдомување. Доколку времето е врнежливо настанот ќе биде одложен, велат организаторите.
Оваа акција за помош на здружението „Анималиа “ има и светска димензија. Марина Палмер една од организаторките на настанот во објава на една социјална американска донаторска мрежа напиша:Да помогнеме и кучињата да имаат дом. Постојат стотици гладни, осамени и болни кучиња кои живеат по улиците на Охрид, Македонија. Во изминатите четири години, малата организација „Анималија“ успеала да засолни, храни, лекува и и да им најде дом за многу напуштени животни од кои најбројни се кучињата. Сепак, оваа организација зависи исклучиво од приватни придонеси и во неа работа двајца вредни волонтери.
Ова е линкот до донаторската мрежа.
www.youcaring.com/macedonianmissionforhumanity-1028264
На оваа страница споделене е и следното видео:
Засолништето, во кое во моментов живеат околу 40 кучиња, се наоѓа на јавно земјиште и наскоро е принудено да се пресели. Без ваша помош, овие кучиња ќе бидат вратени на улиците каде што ќе се соочат со занемарување, глад и уште полошо.
На овие кучиња им треба љубов им треба вашата помош. Сто проценти од сите придонеси ќе бидат пренесени лично на Animalia и ќе се користат за изградба на засолниште за овие животни.
Јас сум Марина Палмер и сум од Колорадо, но во моментов престојувам во Македонија. Ќерка сум на сопственикот на Македонската мисија за хуманост (кој го води овој прибирање на средства). Немам лични односи со Animalia, но мислам дека тие се одлична организација која има потреба од итна помош, стои во објавата.
Публицитет.мк