- Елколект ДОО во периодот од 4ти септември до 31ви октомври, ќе им овозможи на жителите на општина Охрид да учествуваат во акција за ослободување од своите отпадни електрични и електронски апарати и истовремено да станат потенцијални добитници на една од петте вредни награди (ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер) .
- Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект лоцирани на територија на Општина Охрид станува потенцијален добитник на вредна награда. Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се зголемува и можноста за добивање награда.
- Еко магацините на Елколект во општина Охрид се лоцирани на: ул. Асном ББ („Механизација“)и Дирекција на ЈП „Охридски комуналец“
- Подетални информации околу правилата на наградната игра жителите на Охрид може да добијат и со повик на тел: 02/309 77 66 или на веб страната на Елколект ДОО www.elkolekt.mk
Елколект ДОО, како компанија со најголем придонес во заштита на животната средина за 2017та година, континуирано ги наградува совесните граѓани кои одговорно се однесуваат со електричниот и електронски отпад, а во прилог на зачувување на животната срединаи здравјетоналуѓето.
По успешните два циклуси на наградната игра “Да рециклираме и да се наградуваме”, во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија, Богданци, Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце, кои резултираа со создавање и негување на одлични навики и интерес кај граѓаните, плодна соработка со општинските тимови и поддршка од градоначалниците, Елколект, во третиот циклус од наградната игра за собирање на електричен и електронски отпад ги вклучи општините Охрид, Битола, Прилеп и Дебарца.
Во општина Охрид, акцијата започнува на 4-ти септември, а завршува со извлекување на наградите на 31ви октомври 2017.
Награден фонд: ЛЕД ТВ , фотоапарат Sony DSC W800B, Gigabyte смарт телефон G Class – LTE, Dual Sim, 5.00″ HD IPS(1Z80*720 pix), Пионир ДВД 2242 и тостер Хјундаи SM626.
Потенцијален добитник на една од овие пет награди е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијиите каде се поставени еко магацините на Елколект ДОО на територија на Охрид.
Секој кој ќе донесе електричен и електронски отпад до еко магацинот на Елколект на една од наведените локации ќе добие награден купон за учество во наградната игра “ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”. Купонот во кој е впишан реден број и содржи печат од организаторот е составен од два идентични дела. Едниот дел на купонот го задржува учесникот како доказ за учество во наградата игра, а другиот дел од купонот треба да го стави во запечатена кутија од која ќе се врши извлекувањето на среќните добитници.
За секој поединечен апарат, учесникот во наградната игра добива по еден купон. Со донесување на поголем број апарати се добива и соодветен број купони, при што се зголемува можноста за освојување на вредна награда. Одредени видови отпадни електрични и електронски апарти носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, ТВ, електричен и електронски алат, електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт. Започнувајќи од оваа акција за доставени пет отпадни сијалици се добива еден награден купон.
Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект ДОО www.elkolekt.mk и на веб страната на Вашата општина.
Со помош на Елколект ДОО сите граѓани кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични и електронски апарати како: компјутери, монитори, процесори, електрични шпорети, печки, пегли, миксери, соковници и сл., и истите ќе ги донесат на одредените локации во периодот на времетраење на оваа акција во нивната општина, покрај тоа што ќе имаат можност да се ослободат од електричниот и електронскиот отпад од своите домови добиваат можност да станат и потенцијални добитници на една од петте вредни награди.
Компанијата Елколект ДОО во соработка со општина Охрид, ја спроведува оваа акција со наградување на совесните граѓани со цел подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се постапува со овој вид на отпад, имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад може да содржи опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво да се фрла овој тип на отпад заедно со останатиот комунален отпад.
Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект ДОО сака да се заблагодари на граѓаните кои својот отпад го оставаат на пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите да постапат на ист начин, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и здравјетоналуѓето.
За Елколект
Елколект е лиценциран колективен постапувач, кој поседува дозвола за постапување со отпадна електрична и електронска опрема, и дозвола за постапување со отпадни батерии и акумулатори, издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање. Примарна дејност на Елколект е управување со отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Основна цел на компанијата е да воспостави функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори на начин кој нема да создава дополнителен товар на животната средина и животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија.
Публицитет.мк