Да се доживее стотатта е сон скоро на секој жив човек кој се родил на планетава. На малкумина тоа им успева и од таму имињата на оние кои доживеале да дувнат 100 роденденски свеќички , посебно се обележуваат .
Така, на 1.јули оваа година познатата актерка Оливија Де Хевиленд го прослави својот стоти роденден а на 6. Февруари 100 години прослави уште една позната личност од светот на филмот- актерката со унгарско потекло За За Габор.. Наскоро на 9. Декември, својот 100 роденден треба да го прослави големата холивудска ѕвезда Кирк Даглас. Навистина е мал списокот на познати личности од светот на филмот кои прославиле еден век во својот живот. Ова особено заради фактот што голем број на филмски ѕвезди починале на возраст кога биле на врвот од својот творечи потенцијал. Како потврда на ова ќе споменеме дека Хемфри Богарт починал на 57 г., Клерк Гебл на 59, Мерилин Монро на 36, Гари Купер на 60,Монтгомери Клифт на 45, Сив Мек Квин на 50, Ричард Бартон на 58 и тн и тн.
Интернет сајтот МеTv,неодамна објави еден список на познати личности од светот на филмот кои ја доживеале стоттата но некои од нив и повеќе од тоа.Еве некои од нив:
ОЛИВИЈА ДЕ ХЕВИЛЕНД
Најновиот член на овој клуб е познатата актерка Оливија де Хевиленд, која стотката ја прослави на 1.јули оваа година.Родена е во Токио а моментно живее во Париз.Таа во светот на филмот е позната како една од најголемите актерки на сите времиња, освојувајќи два оскари за најдобра актерка. Да не заборавиме на легендарната караница заради ривалство со нејзината родена сестра Џоан Фонтејн , која почина на 96 гоишна возраст.
ЏОРЏ БАРНС
Џорџ Барнс и Грејс Ален биле едни од најпознатите актерски двојки на радио, на сцена и големото платно.Кусо време по заминувањето на неговата партнерка од овој свет во 1964 година , Барнс настапи во ситкомот на комедијата „ Венди и јас“ но не доживеа успех.Комичарот кој беше препознатлив по уживањето на пура која беше негов заштитен знак, кон крајот на својата кариера во 1975 година го освои оскарот за својот настап во филмот „Децата на сонцето“ кога имал 80 години. Барнс починал во 1996 година на возраст од 100 години.
БОБ ХОУП
Покрај тоа што беше познат актер кој зад себе остави 90 улоги во познати филмски остварувања , тв серии и тв филмови , тој беше познат шоумен и човек кој имаше безброј настаи пред американските војници каде и да војуваа во светот. Заради таа негова активност тој со посебен акт од конгресот е прогласен за почесен ветеран. Освен тоа тој ќе остане запаметен и по тоа што дури 19 пати бил домаќин на церемонијата на доделувањето на Оскарите. Почина во 2003 година на 100 годишна возраст.
ГЛОРИЈА СТЈУАРТ
На почетокот од својата актерска кариера Глорија Стјуарт некаде таму во 1930тите настапила во филмовите „ Невидливиот човек“ и „ Тројцата мускетари“. Таа и се враќа на глумата во своите средни години кога настапува во тв проекти. Но, по планетарниот успех на филмот „ Титаник“ на Џејмс Камерон во кој го толкуваше ликот на главната хероина Роуз во стари години, таа ќе стане најстарата актерка кој добила номинација за Оскар на 87 години. Својот последен филм го сними во 2004 година а почина во 2010 кога имаше 100 години.
ЧАРЛС ЛЕЈН
Актерот Чарлс Лејн е најпознат по своите настапи во филмовите на Френк Капра, но сепак најмногу се памети неговата улога во филмот “ Тоа е прекрасен живот“.Неговиот имиџ биле очилата заради што станал миленик на актерката Лусил Бол со која настапил во повеќе филмови и шоу програми.Тој бил омилен актер и на сценаристот Пол Хенинг кој му пишувал специјални улоги за него.
Чарлс Лејн почина во 2007 година кога имал 102 години.
КЛЕР ДУ БРЕЈ
Ѕвездата на немите филмови, Клер Ду Бреј настапила во над 240 филмови. Во ерата на звучниот филм, настапила во филмовите „Џеси Џејмс,“ „4 женички“,„ Сината птица“, „Вирџинија Сити“ , „Црните дијаманти“ и многу друг. Особено се памети нејзината улога во хорор комедијата „Абот и Костело: Запознајтего убиецот , Борис Карлов“ од 1949 година. Клер Ду Бреј почина во 1993 година на возраст од 100 години.
ПАТРИЦИЈА МОРИСОН
Актерката Патриција Морисон беше позната по својата долга абоносна коса и смирувачкиот мецосопран глас. Таа беше позната по улогите на фатални жени.
Во доцните 40 –ти направила неколку забележителни улоги на Бродвеј.Настапила во педесетина филмски и тв проекти.На 19 март оваа година наполни 101 година.
НОРМАН ЛОЈД
Норман Лојд на 8 ноември наполни 102 години и сеуште е актвен. Неговиот последен филм го реализира во изминатата 2015 година.Настапил во вкупно 68 филмови и телевизиски проекти. Одигра и две улоги во филмовите на Хичкок , “Опчинета“ и „Диверзант“.
ЕСТЕЛА ВИНВУД
Естела Винвуд пред се’ била театарска актерка пред да направи кариера на филмот и телевизијата. На филмското платно се појавила во 1930 година а на телевизијата во 1950 година.Настапила како гостинка во тв серии „Зона на самракот“, „Вештерки“, „Бетмен“ и „Пери Мејсон“.Својот последен филм го снимила во 1976 година. Починала во 1984 година на 101 година.
ЛУИЗА РАЈНЕР
Германската актерка Луиза Рајнер е родена на 12 јануари 1910 година во Дизелдорф
(Германија) а починала на 30 декември 2014 година во Лондон. Таа е досега најстарата актерка која доживеала 104 години.
Таа ќе остане запаметена по тоа што стана првата актерка која освоила последователно два оскари за главна женска улога, во1937 година за филмот „Големиот Зигфилд“ и една година подоцна за улогата во филмот „Добра земја“.
Во 1938 година го напуштила Холивуд заради огромниот притисок кој го имала да остане на истото актерско ниво. По заминувањето од Холивуд живеела уште 76 години и настапувала исклучиво во тв проекти.
Својата последна улога на филмското платно ја остварила во 1997 година во филмот „ „Коцкар“.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк