,, Да водиме љубов,а не војна! ” е мотото на ,,Бебули 2″ чиј идеен творец е Марин Бабиќ. Под отворено небо, во Паркот на поезијата во Струга, утре на 8 август ќе имаат можност да уживаат во прекрасната конекција на поезија и музика, токму љубителите на уметноста.
Марин Бабиќ со својот глас ќе ни ја преточи најубавата љубовна поезија, придружуван од неговиот долгогодишен пријател и соработник Љупчо Шилоски-Шилото. Огнен Јанески ќе има двојна улога: водител и пејач.Трио Бебули ( Светлана Богданоска Ристоски-флејта, Љупчо Трајаноски-виола, Андријана Дукоска-виолончело)ќе има задача да ни претстави музика од различни жанрови, секако обоена со звуците на љубовта.А тоа ќе биде задача и на вокалотАлександра Трајческа и Бојан Паскоски-гитара.
Песните сами по себе мора да бидат ритмички. Исто така, тече поезијата. Ритамот е оној што ги конектира Музиката и поезијата. Изборот на зборови, протокот на нежните мелодии низ инструментите, сите се дел од поголемо значење – Поезија. Стиховите ги изразуваат мислите и чувствата на авторот, инструменталната музика изразува, тече и покажува исто толку емоции како и музиката со зборови.
Публицитет.мк