
Повозрасните љубители на поп музиката сигурно се сеќаваат на една мошне популарна композиција која беше голем хит ,таму некаде кон крајот на шеесетите години од изминатиот век.Насловот на песната е „ Дајана“а ја напиша и ја прослави канадскиот пејач Пол Енка во 1957 година, кој тогаш имал 16 години.
Песната била снимена во мај 1957 година во студиото Дон Коста во Њујорк . Во музичката придружба биле вклучени: Баки Пицарели на гитара,Ирвин Векслер на клавир,Џери Бруно на бас и Панама Френсис на тапани.
Пол Енка во својата автобиографија напишал дека песната била инспирирана со девојката со име Дајана која ја запознал на црковните собири и во која се вљубил.
Оригиналната снимка од 1957 година се искачила на првото место на Билборд листата на најпродаваните плочи во продавниците иако не се искачила повисоко од второто место на Билборд скалилото на „ Топ 100“. Синглот со оваа песна бил продаден во 9 милиони примероци.
Од другата страна на „големата бара“ во Велика Британија „ Дајана“ цели девет недели се наоѓала на врвот на скалилото на Њу Мјузикл Експрес. Продажбата достигнала тираж од 1,25 милиони примероци.
По потпишувањето на договорот со РЦА рекордс, Пол Енка во 1963 година повторно ја снимил „ Дајана“ заедно со многу негови други хитови кои биле објавени на албумот „21 златен хит“
Во 1996 година Пол Енка заедно со тогаш мошне популарниот Рики Мартин за албумот “Пријатели“во дует ја испеа „ Дајана“и со неа се искачи на 12 тото место на Билборд листата на најслушаните Латино поп нумери.
Пол Енка во 2006 година „ Дајана“ ја отпеа повторно во дует , овојпат со Адријано Челентано на италијански јазик. Песната имаше наслов„ Ох Дајана“ а зборовите за италијанскиот препев ги напиша Џулио Рапети.
Инаку, песната ја снимиле и Френки Лајмон во 1958 година,Боби Рајдел во 1965 година,австралискиот бенд „ Ол ’55“ во 1975 година, бугарскиот бенд „ Викеда“во чија верзија се вклучени балкански фолклорни елементи а позната е и верзијата на хорор панк бендот „ Мисфитс“ на нивниот албум „ Проект 1950“.
Песната „ Дајана“ е искористена и во две филмски остварувања во 1959 година.
И се разбира, потсетување на овој голем безвременски хит од 1957 година во изведба на Пол Енка.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк






