Во конкуренција од 18 нови фолк мелодии вечерва на 32 издание на фестивалот „Валандово“ со 22 гласови од публиката и од жирито ( собрани по евровизиски принцип ) победи младиот Дамјан Стојановски.
На валандовската сцена тој ја изведе песната „Мојот народ“ од композиторот Миле Барбаровски, текст- Ѓорѓи Барбаровски и аранжман на Живоин Глишиќ. На Дамјан, синот на покојниот Војо Стојановски му припадна и наградата „Миле Брзанов“ за најдобар дебитант.
Второто место на Валандово го освои Јуле Николовска со „Ангели на љубовта“, музика и арнажман Орце Лазаров, текстот Борче Нечовски. Младата Николовска ја доби и наградата за најдобра интрепретација која од годинава го носи името „Никола Бадев“.
Трета беше Сања Петковска – Сани со „Време залудно“ на музика и текст од Г. Стојановски и аранжман на Никола Автовски.
Со клик на линкот подолу – слушнете ја „Мојот народ“ – пее: Дамјан Стојановски.
Публицитет.мк