• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јуни 30, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Даниела Андоновска Трајковска и Игор Крајчев – добитници на наградата „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“

мај 2, 2019
in Во потрага по трајната убавина
Даниела Андоновска Трајковска и Игор Крајчев – добитници на наградата „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“

Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга и годинава ги додели наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“.

Добитници на наградите се Даниела Андоновска Трајковска, за збирката раскази „ КАФЕ, ЧАЈ И ЦРВЕНО НЕБО“, односно Игор Крајчев, за поетската збирка „21“.

– Со овие раскази, пред нас се отвора црвено небо, кое е суптилно врзано со секој од нив. Збирката поделена е во три дела: „Дом“, „Отворени и затворени линии„ и „На Широк Сокак ништо ново“ ги прикажува рамките во кои се открива оваа збирка. Со доза на суптилен однос кон реалноста, кој на моменти е и болно искрен, преовладува чувството на пренесена топлина со секој збор, поставен во одлична композиција – пишува во образложението на решението на жирито, во состав Мерсиха Исмајлоска, Мишо Китаноски и Петко Шипинкаровски.

Наградата „Јован Котески“ годинава се доделува на книгата „21“ на Игор Крајчев од Велес.

– Книгата „21“ на Крајчев е сликовит приказ на себството позиционирано во живото-просторот со модулација која тежнее да го досегне концептот на среќата. Тоа е мисловна визуелизација на комплексните игри сред шаховското поле на животот и смртта, чија зборовна репрезентација конструира самосвој дијаграм на опстој,  стои во образложението на жирито, во состав:  Христо Петрески, Весна Мундишевска Велјановска и Витомир Долински.

Досегашни добитнци на наградата „Крсте Чачански“ се Христо Петрески, Милован Стефановски, Петре Димовски, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски, Васил Тоциновски, Стефан Mарковски и Владимир Плавевски.

Досегашни добитници на наградата „Јован Котески“ се Трајче Кацаров, Санде Стојчевски, Витомир Долински, Христо Петрески,Славчо Ковилоски, Зоран Пејковски , Зоран Јакимоски и Елена Пренџова.

Веле Митаноски

Посетеност: 68
Share
Previous Post

Во црквата „Света Богородица Перивлепта“ ќе бидат изложени репродукции од најзначајните дела на Леонардо да Винчи

Next Post

Пецаков: Младите и спортот ќе бидат наши приоритети

Next Post
Пецаков: Младите и спортот ќе бидат наши приоритети

Пецаков: Младите и спортот ќе бидат наши приоритети

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 68

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk