Во организација на невладината АРТ ЦЕНТАР и кафе – бар „Шила“ по три дена активна работа со изложба беше заоркужена едукативната ликовна работилница.
-Делата направени од малите ликовни генијалци, нивното заедничкото дружење исполнето со многу забава и креативност, не восхитија нас како организатори вели проф, по ликовно Катерина Слатинова
Креативната работилница со ликовно творење и забава беше наменета за деца од 6 до 16 години, а најмладите во светот на уменоста ги воведоа искусни ликовни педагози.
Публицитет.мк