Во врска со прекинот во водоснабдувањето од водоснабдителниот систем “Св.Еразмо” од вчера попладне и пројавените коментари на социјалните медиуми дека се вршело селективно исклучување на одредени корисници од системот за сметка на поволности за други,се огласи градоначаникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески кој вели:
-Најодговорно сакам да Ви потврдам дека од вчера поради дефект на главната водоводна цевка,( се работи за пластични водоводни цевки фи 300 кои тешко можат да се набават, бидејќи повеќе не се употребуваат за изградба на водоводни системи ), во близина на Пупе Компани без вода останаа сите водокоросници од овој водоснабдителен систем. Никаква рестрикција или селективност немаше, бидејќи поради дефектот исклучен беше целиот систем.
За жал и овој дефект , како и неколкуте други оваа сезона се предизвикани поради недислоцирањето на водоснабдителниот систем од трасата на Автопатот и покрај нашите секојдневни барања и до инвеститорот ,ЈП за државни патишта, и до изведувачот на работите. Последица на сето тоа се огромните штети за Јавното претпријатие и прекини во водоснабдувањето за корисниците.
Попладнево дефектот е отстранет и се очекува водоснабдувањето да се нормализира, соопшти Ногачески.
Публицитет.мк