Фолклорот зближува.
Врските кои членовите на КУД „Ѓердан“ од Охрид ги имаат воспоставено со децении наназад резултираат со чести средби и покани за присуство меѓу пријателите.
Така деновиве делегација на „Ѓердан“ предводена од уметничкиот раководител Тања Тренеска и тројца членови од три различни генерации: Гоце Донески, Димитар Каровски и Наум Стефаноски беа во посета на Беочин – Србија.
Таму се одвиваше традиционалниот фолкорен фестивал „ Као некад“ – „Како некогаш“ на кој учествуваа 22 ансамбли од кои 12 со фолкорни групи а уште 9 делегации како охридската беа поканети да се дружат и да договорат некоја следна средба.
Публицитет.мк