• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

„Делфинот“ на Александар Прокопиев објавен во Словенија

септември 2, 2020
in Омнубус
„Делфинот“ на Александар Прокопиев објавен во Словенија

Збирката раскази „Делфинот (приказни за видливото и невидливото)“ на истакнатиот македонски писател Александар Прокпиев деновиве излезе од печат во превод на словенечки јазик. Издавач е КУД Апокалипса од Љубљана, а автор на преводот е Тим Сенчар.
 
За словенечкото издание на книгата, писателот, поет и критичар Јуриј Худолин ќе истакне:
 Александар Прокопиев (Скопје, 1953), е доктор по книжевни науки, писател, есеист, културен двигател, љубител на патувања и поранешен член на легендарниот југословенски  бенд „Идоли“, кој се одликува со директни и провокативни текстови; уште како дете бил најсреќен и задоволен кога ќе заспиел со музика. Има објавено прозни и есеистички книги, дома и во странство, неговите книги се преведени на повеќе од десет различни јазици. Последната меѓу нив е „Делфин“, која сега ја имаме и во превод на словенечки јазик.

„Делфин“ е збирка раскази во која постмодернистичката интертекстуалност, типична за некои од претходните негови книги, е омекната со интимни засолнувања, приказни што итро се вградени во нарацијата, раскажани со класична тактика на наративност на настани со традиционални нишки. Писателот честопати се навраќа на детството, потоа продолжува со еротските сништа од тинејџерските години и за кратко време застанува на темата што ја претставува со алузија сродна со саркастичниот апсурд на Гогољ, можеби дури и хармсовски: во расказите „Патување на еден капут“ и „Паричник“ вешто и хумористично ги одгатнува моралните прашања што го погодуваат човекот кој копнее по недостижното; иако Прокопиев раскажува верижно и питко, во подтонот ги разоткрива големите теми, прашањата за човечката чест, совест и чесност. „Градот ја убива естетиката“ или „Штом жената чувствува дека љубовта умира, станува загрижена“ шепоти еден од неговите ликови Хорацио Цвикало. Кон женските ликови во своето пишување Прокопиев е плашлив, иако во никој случај не е бојажлив, ниту срамежлив; ги сака жените и тогаш кога со жената и нејзините постапки не се согласува.
 

Александар Прокопиев e посебен, интересен писател, кој разгледува најразлични теми, ерудит без ароганција и со интелектуален заплет на текстот. Кога пишува на историски теми и со алузии на познати личности, не ги бира поради одмазда, иако смесата за нив ја прави сам, така што приказната станува оригинална и единствена, полна со безвременски хумор. И токму затоа е автор за сите генерации.

Публицитет.мк 

Посетеност: 60
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Владо Ќулукоски

Next Post

„Црното е црно“ Лос Бравос

Next Post
„Црното е црно“ Лос Бравос

„Црното е црно“ Лос Бравос

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 60

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk