Утре на 29 април – понеделник на вториот ден од најголемиот христијански празник Воскресение христово – Велигден Демирхисарското село Бараково со голем музички настан ќе одбележи 555 години постоење.
Присутните гости ќе ги забавува една од најпознатите и најубави млади фолкерки во Македонија Џесика Палашовска во придружба на уште неколку докажани музичари. Организирана ќе биде и богата лотарија во соработка со модното студио Шанел, а водител на настанот ќе биде познатиот Пикси Шанел.
Месната заедница со особена чест и задоволство ги поканува сите добронамерници да присуствуват на најголемиот настан во историјата на с.Бараково.
Публицитет.мк