• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Ден на политички инфаркти, преврати и искушенија: Ќе има ли избори, кога и со кого?

јануари 18, 2016
in Тикер

Денешниот ден беше полн со политички пресврти.

Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска речиси ненадејно, донесе одлука предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април, во согласност со Договорот од Пржино.

„Одлуката на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдува дека Никола Груевски се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори“, реагираат од СДСМ на одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ изборите да се одржат на 24 април.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднеле и предлог-одлука на 24 февруари да се распушти Собранието.

Во предлог-одлуката се бара „со оглед на исклучителната важност на ова прашање, одлуката да се донесе на првата наредна седница на Собранието“.

Денеска Собранието ненадејно одлучи да свика седница на која на дневен ред се поставени три закони, но неофицијално се очекува на седницата да се констатира и оставката на премиерот Никола Груевски.

Зоран Заев, во саботата наутро, по речиси десетчасовни преговори на лидерите на најголемите политички партии во Македонија со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во вилата на ЕУ во скопско Пржино рече дека „Ако има избори на 24 април, СДСМ нема да учествува“.

И покрај спротиставените ставови на двете најголеми политички партии, еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, денеска ги повика македонските политичките лидери да го спроведат Договорот од Пржино, односно да се спроведат избори на 24 април.

– Би било одлично изборите да се спроведат во тој дух, на кој сите се посветени. Во секој случај политичките играчи во земјата треба да се придржуваат до Договорот од јуни, односно јули – рече Хан пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија.

Попладнево премиерот Никола Груевски имаше и средба со политичките партии од кoалицијата За подобра Македонија, на која е донесена конечна одлука изборите, сепак, да се одржат според датумот предвиден во Договорот од Пржино.

Извор: meta.mk 

Посетеност: 97
Share
Previous Post

Собранието ненадејно закажа седница за 17 часот

Next Post

Собранието одлучи да се распушти на 24 февруари, вечерва ќе ја гласа новата влада

Next Post

Собранието одлучи да се распушти на 24 февруари, вечерва ќе ја гласа новата влада

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 97

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk