Православните христијански верници денеска го одбележуваат празникот Водокрст.
Овој ден на строг пост во кој се пости само на вода е познат и како Водокрштение или Водопост.
Во православните храмови на Водопост се крсти вода, но и на Богојавление. Оваа света вода се пие само со почит и молитва. Се дава на деца со вера дека ќе ги излечи и заштити.
На овој ден, со молитва во срцето, мајките ќе направат знак на крст со масло на челото на детенцето, а крстената вода ќе ја чуваат во домот и ќе ги мијат децата преку целата година – ако е потребно.
Од Божиќ до Богојавление, верниците се поздравуваат со „Христор се роди“, а на Водици со „Бог се јави“.
Богојавленските празнувања траат на 18-ти јануари-Водокрст, на 19-ти јануари –Водици, како и следниот ден, 20-ти јануари кога се одбележува Денот на Свети Јован Крстител.
Публицитет.мк