Под влијание на многу топла воздушна маса со потекло од Африка следните денови во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и многу топло време за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Најтопло ќе биде денеска и во првите два дена од наредната недела ( понеделник и вторник) кога максималните температури ќе бидат значително над просечните и ќе достигнат од 25 до 32 степени.
Инаку, денеска ќе биде сончево, во западните делови со слаб до умерен ветер од југозападен, а во источните од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има појава на умерена облачност. Максималната температура ќе се движи од 23 до 28.
Фото: Лидија Стефановска
Публицитет.мк