На денешен ден пред 3 години и официјално започна медиумската приказна преку Интернет озаглавена како веб портал: Публицитет.мк
„Публицитет.мк“ беше и се’ уште е плод на идејата, желбата и потребата во медиумскиот простор да создадеме заедно со моите соработници релевантен медиум со ПОНАКОВ ПОГЛЕД НА НЕШТАТА.
Зад нас се 156 недели со 8254 објавени текстови, со овој што го читате. Неуморната статистика вели дека само изминатава година сме објавиле 2654 прилози. Порталот по промотивниот период од три месеци почна да ги брои читателите кои директно пристапиле до него од 15 октомври 2015г. досега се 721 867 читатели, а статистиката вели дека само во една година од 15 јули до овој 15 јули на сајтот пристапиле 331 867 читатели. Бројот на оние кои го читаат „Публицитет.мк“ преку социјалните мрежи Фејсбук е далеку поголем.
Нашите канцеларии се во нашите домови а најчесто интервјуата се снимаат во култниот АКВАРИУС во Охрид.
Се надевам заедно со Ѓоко и Дамјана и Наум ( во техничкиот дел) и низата останати соработници од Македонија и сите страни на светот дека „Публицитет.мк“ го наоѓа патот до Вас и дека станува Ваша потреба и навика.
Среќен сум што зад „Публицитет.мк“ засега стојат и неколку етаблирани сопственици на фирми и бизниси кои значат многу во охридската економија.
Публицитет.мк воспостави соработка и со општините Охрид и Дебрца, така нивните активности преку нас се поблиску до граѓаните.
„Публцитет.мк“ им возвраќа на начин на којшто може – реално без надуени рејтинзи
На сите соработници, соговорници и луѓе кои ни подале рака во маркетингот на „Публицитет.мк“ Ви благодарам од срце!
Ме радуваат и ме охрабруваат и вашите бројни МИ СЕ ДОПАЃА под нашите текстови и честите нивни споделувања од Ваша страна, исто како и коментарите.
„Мојот живот, мојот свет“, „На минување“ , „Филмољубие“ „Омнибус“ , „Во светотна уметноста“, „Фото на неделата“ и сите останати се одлично прифатени од Вас.
Читајте, коментирајте, споделувајте – бројот на наши поддржувачи од ден во ден е се’ поголем.
Довербата во нашиот тим расте, заедно со поканата да бидеме медиумски поддржувачи и промотори на низа настани и манифестации.
Одиме заедно во пресрет на иднината!
Во едно сум сигурен во поинаквиот поглед на нештата од останатите!
Тоа е „Публицитет.мк“
Ги чекаме Вашите коментари, вие Почитувани читатели сте најрелевантниот показател за тоа колку е вредна нашата мисија.
ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ , ОХРИД
Сопственик и Главен и одговорен уредник м-р Милчо Јованоски
Беше среда, 15 јули воведникот е објавен точно во 12.15 часот.
Од денес на широкото и разбранувано новинарско небо свои и позајмени содржини ќе објавува новиот веб портал „Публицитет.мк“. Нашето мото е „Поинаков поглед на нештата“.
Големите „откритија“ и ексклузиви ги оставаме за другите. Ние ќе се обидеме да го пренесеме пулсот на обичните луѓе, на познатите и помалку познатите личности кои на свој начин го градат мозаикот што се вика живот.
Политиката ќе ја има на лажиче, како што знае да рече често една наша колешка. Но затоа,ќе сме во постојана потрага по трајната убавина, поианков поглед ќе фрламе кон културата, уметноста,филмот, новините сврзани со здравјето и убавината. На насловната на „Публицитет.мк “ ќе се трудиме често да ги има успешните од сите сфери на животот, за пример на нас останатите.
Наш најчест интерес ќе бидат темите и луѓето од регионот – Охрид и Струга, но и Македонија, Балканот и Светот.
Нашата мала, ама одбрана редакција свесно влезе во ризикот да го бара своето место под сонцето. Не се занесуваме дека од прва ќе бидеме најчитаните и најкоментираните, ама се надеваме дека полека ќе ја освојуваме Вашата наклоност.
За се’ треба време, па и за нашето етаблирање на преширокото Интернет небо.
Од денес посакуваме „Публицитет.мк“ да биде Ваш избор, читајте ги и другите, сетете се и на нас.
Ви благодариме на довербата!
Милчо Јованоски,
Главен и одговорен уредник на „Публицитет. мк“