Празникот Собор на свети Архангел Михаил што се празнува на 21-ви ноември според новиот (или на 8-ми ноември според стариот ) календар меѓу народот е познат едноставно како Аранѓел.
Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска.Во народното верување архангел Михаил е претставен како со меч им ги зема душите на луѓето, поради што во некои места (Радовиш) е наречен „Арангел душевадник“
Постојат многу традиционални народни верувања за овој ангел. Се верува дека тој ги посетува сите болни луѓе. Затоа и треба да се обрне внимание, доколку застане кај нозете не е добро, а ако застане над главата ќе биде добро и болниот ќе се излекува.
Многу од христијаните веруваат дека е жив, па за неговата слава не прават пченица.
Денеска во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на Св. архангел Михаил“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
Да им посакаме среќен именден на Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…
Публицитет.мк