Важна е и хумана грижата за старите лица.
Во рамки на одбележување на „Неделата на грижа за стари лица“- Црвен крст – Охрид со своите тимови за социјално-хуманитарна поддршка и медицинските тимови помогнати со членови од здржението „Мозочен удар“ за борба против мозочен удар, после Дебрца, продолжуваат со посетите на старите лица во руралните средини во општина Охрид.
Во текот на денов ќе бидат посетени старите лица во селата Куратица, Опеница, Вапила и др. при што ќе волонтерите на Црвен крст Охрид ќе им поделат хуманитарна помош и ќе вршат основни здравствени прегледи (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта, ЕКГ).
Фотографии кои ги гледате се од минатонеделната посета на старите лица во селата во општина Дебрца.
Публицитет.мк