Муслиманите од целиот свет денеска го слават Курбан Бајрам, еден од најголемите муслимански празници. Годинава, како ретко кога, Турција и Саудиска Арабија ги усогласија календарските празнувања и објавија дека годинава Курбан Бајрам е на 12 септември.
Македонската исламска верска заедница, која се води според календарот на Турскиот Дијанет уште на почетокот на годината најави дека Курбан Бајрам паѓа на 12 септември.
Централната прослава за Куран Бајрам ќе биде во Скопје, во Мустафа пашината џамија. Утринската молитва почнува наутро пред изгрејсонце во 5 часот и 35 минути. Бајрам намазот е во 6 часот и 50 минути.
Инаку овој празник уште се нарекува и празник на жртвата, затоа што тогаш се принесува жртва, курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат во Мека.
Извор: www.religija.mk