Денеска се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.
Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ.
Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.
Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.
Извор: faktor.mk