Вечерва во Скопје ќе биде промовирана најновата стихозбирка „Директни обраќања“ од Марина Икономова – Шокева од Охрид .
Издавач е ПНВ Публикации. Промотор: Лилјана Пандева Стихови ќе чита: Леа Новеска а промоцијата ќе биде во „Кафе Ли“ од 18:00 часот.
Марина Икономова Шокева е родена во Охрид, 1966 г. Завршила филолошки факултет во Скопје на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Работи како наставник по англиски јазик во основното училиште „Св.Климент Охридски“ во Охрид.
Автор е на стихозбирката „Слики од бунарот“. Нејзината поезија е застапена во разни алманаси, ревии и заеднички стихозбирки во земјава и во странство, меѓу кои: „Литературни искри“, „Бранувања“, „100 000 поети за промена“, „Месопотамија“, „Поезија Стенка“ и други. Нејзини песни се препеани и објавени во Босна и Херцеговина и во Србија.
Учествувала на повеќе фестивали и поетски читања, меѓу кои: „Струшки книжевни средби“, „100 000 поети за промена“, „Перо Живодрага Живковића“ (БиХ), „Поезија Стенка“ и „Месопотамија“ (Србија).
Публицитет.мк