• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јули 6, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Денеска сабота, предавање: Во кујна наместо во болница

февруари 24, 2018
in Тикер
Денеска сабота, предавање: Во кујна наместо во болница

Д-р Јадранка Бибан ве очекува денеска во 11 часот во ресторанот БЕЛВЕДЕРЕ кај Четкарот.

 Храната е силен лек, но само ако правилно се употребува. Човечкото тело има способност за самозаштита и самоизлекување, доколку е во согласност со природните принципи на исхрана според тоа како што го дизајнирала природата.

Д-р Јадранка Бибан е еден од првите доктори на нашиве простори кои отворено проговорија за значењето на исхраната во превенција и лекување на современите хронични болести. Таа укажува на неопходноста исхраната да го завземе централното место во лекување на хроничните болести, како што се бројни кардиоваскуларни болести, хормонски пореметувања, автоимуни и дегенеративни болести, карциноми, состојби на дебелина, болести на дигестивниот тракт, анемии, алергии и многу други дијагнози.

Ваквиот пристап кон исхраната веќе станува практика во многу познати и признати клиники ширум светот. Д-р Јадранка Бибан е специјалист по гинекологија и акушерство, експерт и едукатор за превенција и лекување на болестите со храна и со здрави животни навики. Таа е еден од практикантите и поддржувачите на таканаречената „Медицина – Животен Стил“ 

Во текот на март и април ќе организираме викенд работилници за здраво готвење, и јога часови за витално стареење. Бидејќи местата се ограничени, доколку сакате да учествувате, ве молиме пријавете се.

Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој до Струга која е членка на  Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година.

Под-проектот се спроведува во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица” поддржан од од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст, кој Црвениот крст на РМ во Македонија го спроведува во заедничко партнерство со здружението Хуманост, велат организаторите.

Публицитет.мк

Посетеност: 77
Share
Previous Post

Вера Јовческа: Една од двете македонски парламентарни стипендистки во германскиот Бундестаг

Next Post

Богата агенда на градоначалникот Стојаноски на Саемот за туризам во Белград

Next Post
Богата агенда на градоначалникот Стојаноски на Саемот за туризам во Белград

Богата агенда на градоначалникот Стојаноски на Саемот за туризам во Белград

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 77

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk