Денешниот ден, 22 март (9 март, стар стил) младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Светата православна црква на овој ден го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.
Овие 40-мина беа римски војници. За време на гонењето од страна на Ликиниј кој владеел со источниот дел од Римското царство заедно со Диоклецијан, тие биле изведени пред суд заради нивната вера, а потоа ставени во замрзнато езеро и оставени таму преку целата ноќ. Кога следното утро војсководецот ги нашол живи, ги погубил и нивните тела ги фрли во водата за да останат непогребани. Но, три дена подоцна локалниот Севастиски епископ ги извадил моштите од водата и чесно ги погребал. Пострадале околу 320-та година.
Празникот на Светите 40 маченици, познат во народот и како Маченици или Младенци важи за тежок празник и тогаш ништо не се работи. На овој ден се вели дека и пилците не правеле седело.
Публицитет.мк