• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, септември 18, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Денеска се одбележува празникот посветен на Свети Јован Златоуст

ноември 26, 2020
in Во потрага по трајната убавина
Денеска се одбележува празникот посветен на Свети Јован Златоуст

Православните христијански верници денеска го одбележуваат празникот посветен на Свети Јован Златоуст.

Патријархот цариградски, Свети Јован Златоуст, е роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители.

По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава. Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ? остави многу драгоцени книги со неговите беседи. Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија.

Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест. „Слава Му на Бога за се !“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим.

Тропар

Благодатта на твојата уста блесна како светлината на огнот и ја просвети вселената, и светот го научи богатството да не го бара во среброљубието, а ни ја покажа и возвишеноста на смирението. Но, учејќи н? со твоите зборови, оче Јоване Златоусти, моли Го Словото – Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Кондак

Јоване Златоусти, од небесата си ја примил божествената благодат, и со твоите усни ги учиш сите да се поклонуваат на едниот Бог во Троица; блажен и преподобен, достојно Те славиме, како наставник на божествени работи.

Извор:МПЦ

Посетеност: 83
Share
Previous Post

Статија 018 2020 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“ и “ПУБЛИЦИТЕТ.МК“ ДЕЛИКАТНОСТ НА ПОРАКА ПИСМЕНА КОМУНИКАЦИЈА ( e-mail комуникација )

Next Post

Граѓаните можат да се вклучат во креирањето на оптинскиот буџет за 2021 година

Next Post
Граѓаните можат да се вклучат во креирањето на оптинскиот буџет за 2021 година

Граѓаните можат да се вклучат во креирањето на оптинскиот буџет за 2021 година

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 83

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk