Денеска – вторник нема да биде сосема сончев ден. Претежно висока облачност се очекува во поголем дел од денот, и тоа на поголем дел од небото над земјава.
Попладне ќе има локален развој на облачност во планинскиот дел од западот, со можност оваа облачност да продуцира повремени и слаби „проврнувања“.
Утрово ќе треба да се облечеме соодветно. Минималната температура низ котлините ќе биде помеѓу 6°С и 9°С.
Во текот на денот според синоптичарите ќе биде натпросечно топло за овој период од годината. Највисоката вредност на дневната температура ќе има вредност во границите од 25°С до 28°С долж повардарието и котлините во источниот крај, а во котлините од западниот крај околу 24°С.
Во Охрид и околината овој вторник времето ќе биде делумно сончево со можни грмотевици и дожд особено поплкадне и температура од 9 до 20°С.
Публицитет.мк