Деновиве беше објавена веста дека следната година Песната на Евровизија ќе се одржи во Торино и дека на неа ќе учествува и Северна Македонија.Како што е познато, оваа година на овој музички натпревар победија преставниците на Италија со групата „Манескин“и со тоа го стекнаа правото и одговорноста да ја организираат оваа манифестација во својата земја.Организаторот на натпреварот е јавниот радиодифузер РАИ кој го избра Торино како град во кој ќе се организира и одржи овој голем настан. Одлуката за ова паднала откако овој град понудил најдобри улови од сите 16 конкуренти.
На 66. натпревар ќе учествуваат учесници од 41 земја а 36 од нив во две полуфинални вечери ќе се натпреваруваат за место во големото финале кое е закажано за 14.мај 2022 година кога ќе се приклучат уште четирите земји од големата петорка (Франција, Германија, Шпанија, Обединетото Кралство) и домаќинот Италија.
Инаку, досега Италија има три победи на овој натпревар . Тие како организатори за првпат се појавија во 1965 година кога натпреварот се одржа во Наполи (по пбедата на Џиљоља Чинквети) , по втората победа во Загреб на Тото Кутуњо во 1991 година беа домаќини на Песната на Евровизија во Рим.
Преставникот на Италија на овој натпревар обично е победникот на фестивалот во Сан Ремо кој се одржува кон крајот на јануари и почетокот на февруари. Така беше во 1965 и во оваа 2021 година кога преставници беа Чинквети и групата „Манескин“но не и во 1990 кога во Загреб боите на Италија ги бранеше Тото Кутуњо со сопствената песна „Заедно:1992“.
И кога веќе го споменавме најстариот и најдолговечниот фестивал на забавна музика во светот „Сан Ремо“ (кој се одржува во континуитет од 1951 година) и Италија ,да се потсетиме и на една прекрасна песна од овој фестивал од 1972 година.Се работи за композицијата „Денови како виножито“ во изведба на Никола Ди Бари . Песната го освои првото место со што го доби правото да ја преставува Италија на Песната на Евровизија кој таа година се одржуваше во Единбург, Обединетото Кралство, каде настапи по Тереза Кесовија со песната „Музика и ти“. Тогаш ,Никола Ди Бари го освои шестото место од вкупно 18 учесници.
Текстот за песната е дело на Далмацио Масини а музика ја напишале Пиеро Пинтучи и Никола Ди Бари.
Песната преставува носталгична балада во која Ди Бари и’ пее на една жена за нејзиното детство од кое таа се откажала кога стапила во љубовна врска на многу млада возраст. И додека овој нејзин потег изгледал „кул“кај нејзините невини врсници и ја трансформирал во самоуверена млада жена, таа всушност го напуштила она што било- или можело да биде – „најдоброто време од нејзиниот живот“.
Никола Ди Бари кој е роден во 1940 година , со вистинско име Микеле Скоменга,беше особено популарен во 1970 тите години од изминатиот век, кога победи двапати едноподруго на фестивалот Сан Ремо (во 1971 и 1972 година).Уште како млад го напуштил своето родно место Запонета на југот на Италија и се упатил во Милано каде работел се’ и сешто за да преживее настојувајќи да се афирмира како пејач и композитор.
Во неговите меланхонични песни честа тема се проблемите на миграцијата, неговата голема љубов кон неговиот роден крај, неговите полиња,боите и идилата на селскиот живот.
Својот прв забележителен успех го има во 1964 година кога учествува на патувачкиот фестивал „Кантаџиро“со песната „Љубовта се враќа дома“ а следната година за прв пат настапува на фестивалот Сан Ремо во дует со американскиот пејач Џин Питни со песната
„Пријатели мои“.
Пресвртница во неговата кариера се случува во 1970 година кога една негова песна ќе испее тогаш популарната група „Ричи е повери“ на фестивалот во Сан Ремо каде ќе го освојат второто место.Останатото е историја.
Неговата дискографија содржи триесетина сингл плочи и 13 албуми од кои првиот го издал во 1965 а последниот во 2000 година.
Откако неговата популарност нагло опаднала во неговата родна земја некаде во почетокот на осумдесетите години тој станува мошне популарен во цела Латинска Америка каде издал голем број на сопствени композиции на шпански јазик.
Потсетување на неговиот голем хит од 1972 година, кој и ден денес предизвикува носталгија кон едни други времиња кога музиката имаше друго име.
Ѓоко симјаноски, Публицитет.мк
Публицитет.мк