Во Струга од утре 24 до 26 септември, по шести пат,ќе се одржува традиционалниот Меѓународен научен собир „Денови на ветеринарна медицина 2015″.
Темите на кои ќе се дискутира се: безбедност на храна, каде ќе се презентираат најновите достигнувања во методологијата и аналитиката на намирниците од животинско и не животинско потекло, здравствената заштита на животните, каде се опфатени сите сегменти од начинот на одгледување на животните, превентивата, исхраната, дијагностиката на заразните болести, следејќи ги современите европски трендови.
Претходно пленарните- воведни предавања на собирот и годинава ќе ги одржат светски еминентни професори, кои несебично го пренесуваат своето искуство и знаење, предизвикувајки голема заинтересираност со интерактивни дискусии кои следат потоа.
Своите искуства од практиката ќе ги споделат и претставниците на Институтот за репродукција и био-медицина, како и Центарот за благосостојба на животните во Македонија, кои со своите активности побудуваат интерес кај целиот ветеринарен аудиториум.
На конгресот учествуваат голем број домашни и странски експерти од областа на ветеринарството Од домашните ќе бидат присутни ветеринари од ветеринарните служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, инспектори од граница и промет, вработени во млекарници, кланици, како и ветеринари кои работат во фарми со големи животни и ветеринари кои се занимаваат со домашни миленици.
Странските учесници ќе се најбројни од земијте од регионот, но, од година во година се зголемува и присуството на учесниците од развиените, западно-европски држави, велат организаторите на овој значаен настан за ветеринарната наука во Македонија.
Составен дел и на овој собир, е социјалниот момент, од кој гостите заминуваат со импресии од културните знаменитости и деликатесните македонски традиционални јадења.
Публицитет.мк