• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Деновиве во превод на бугарски јазик од печат излезе книгата „Јазичен триптихон“ од Славе Ѓорѓо Димоски

декември 14, 2018
in Култура
Деновиве во превод на бугарски јазик од  печат излезе книгата „Јазичен триптихон“ од Славе Ѓорѓо Димоски

Деновиве во издание на Skalino од Софија, во превод на бугарски јазик од  печат излезе книгата „Јазичен триптихон“ („Езиков триптих“) од Славе Ѓорѓо Димоски.

Книгата од македонски на бугарски јазик ја преведе Емилија Миразчиска, а како редактор на препевот се јавува Роман Кисјов, осведочен преведувач на македонската поезија на бугарски јазик. Поговорот на книгата го напиша познатиот бугарски поет Александар Шурабанов, а придружен текст има и англискиот поет Том Филипс. По книгите „Зборови и вода“ и „Последните ракописи“ оваа е трета книга на Ѓорѓо Димоски на бугарски јазик .

Книгата „Јазичен триптихон“ во 2015 година ја објави „ПНВ Публикации“ и ја доби наградата „Ацо Шопов“, а во 2016 година „Архипелаг“ од Белград  ја објави на српски јазик.

„Јазичен триптихон со која Славе Ѓорѓо Димоски се презентира пред бугарските познавачи на поезијата, всушност е една постојана мистична поема за раѓањето на светот и човекот од вселенската утроба. Со своите космогонистички теми нè потсетува на епохите на Милтон и Де Бртас и на нашиот Светослав Миларов, но, во хармонија со постмодерната ера на која ѝ припаѓа ова дело ги црпе своите идеи и слики од најширокиот спектар на извори од сите географски насоки. Славе Ѓорѓо владее со поетскиот збор и знае како да го принуди нас да нè освои, да нè потопи во сопствените тревожни сонувања. Ете таква поезија, чинам дека недостасува во нашата земја.“ – Во својот поговор ќе напише Александар Шурбанов, а Том Филипс ќе дополни:

„Славе Ѓорѓо Димоски е значајна фигура во современата македонска поезија. Следејќи естетска и метафизичка логика која може да изгледа истовремено и игрива и ригорозна, песните во оваа збирка ги проучуваат основните прашања во врска со животот, смртта, јазикот и значењето и заземаат вербален универзум кој успева да биде истовремено и концизен и богат. Тие се еден вид “мит за потеклото”, и како такви одат до коренот на нештата преку постојан ангажман со вечните парадокси и со можностите на јазикот како средство за создавање на значења и вредност од наизглед хаотичниот тек на нашето постоење. Како истражувач и водач, Димоски никогаш не престанува да фасцинира – и оваа книга отвора интригантни лингвистички и филозофски терени. Ако поезијата е сериозна игра, тогаш ова е несомнено поезија.“

Оваа е деветнаесетта поетска книга на Ѓорѓо се објавени на странски јазик, а одделни песни и поетски циклуси преведени се на над триесет јазици. За неговата поезија напишана е едена есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.

За својата поезија повеќекратно е наградуван во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“ (Русија), „Гран-при на европската поезија“ (Романија), и двапати на охридското највисоко признание “Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“, еднаш за особен придонес во подемот на Охрид и еднаш за животно дело.

Публицитет.мк 

Посетеност: 75
Share
Previous Post

И годинава ќе се избира најубав украсен двор и балкон во Охрид за Нова година

Next Post

Добри вести од Германија, извршена е трансплатанцијата, Сара, се чувствува добро

Next Post
Добри вести од Германија, извршена е трансплатанцијата, Сара, се чувствува добро

Добри вести од Германија, извршена е трансплатанцијата, Сара, се чувствува добро

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 75

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk