Фудбалерите на Охрид денеска на стадионот „Билјанини извори“ одиграа и што е многу важно победија во еден од клучните натпревари во борбата за опстанок во Втората лига – Запад и тоа против директниот конкурент за испаѓање екипата на Кораб од Дебар.
На дерби натпреварот кој беше ,,да се биде или не”и за едната и за другата екипа подобро се снајдоа домашните кој славеа со минимални 2 – 1.
Охриѓани покрај двата постигнати гола уште во првото полувреме во 27 минута преку Фитор Реџепи и во 40 минута преку Роберт Митев можеа уште на неколку пати да го совладаат гостинскиот голман и практично да го решат натпреварот предвреме но при крајот на првиот дел гостите од единствената шанса со голот на Бљерон Муча во 44 минута намалија на гол разлика.
Како плод на тоа во второто полувреме гостите тргнаа на се’ или ништо што придонесе гостите повеќе време да ја имаат топката во свој посед со неколку шанси за израмнување.
Охриѓани успешно се справија со тие напади дури и при крајот на натпреварот пропуштија преку контра напади да го решат натпреварот со поубедлива победа.
Како и да е освоени се три бода против директниот конкурент за испаѓање што остварената победа ја прави уште поголема.
РЕЗУЛТАТИ – 22. КОЛО
ТЕТЕКС – БЕСА 0-0
ГОСТИВАР – ВАРДАР 2-1
КАДИНО – ВОСКА 1-2
ВЕЛЕШТА – СИЛЕКС 1-2
ОХРИД – КОРАБИ 2-1
И.Арсеноски, Охрид Спорт
Публицитет.мк