• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Десетте најдобри филмови на режисери – актери (2)

мај 21, 2016
in Филмољубие

Меѓу десетте најдобри филмови на режисери –актери ,според интернет порталот  Ranker,познатиот режисер –актер Клинт Иствуд е застапен со дури четири филмови што секако преставува успех особено што во оваа категорија постојат навистина голем број на познати режисери- актери.Но, мора да повториме дека во овој избор се влезени филмови во кои филмскиот творец е во двојна улога , и како режисер и како актер.

 

b1

КАСАПСКИ КУЧИЊА

Квентин Тарантино денес важи за еден од најпопуларните режисери кој честопати знае да толкува некоја улога во неговите филмови. Обично тоа се споредни улоги но мошне впечатливи. Својот прв филм „ Касапски кучиња“тој го реализирал во 1992 година .Филмот го прикажува она што се случува пред и по еден пропаднат вооружен грабеж на накит, но не и самиот чин на кражбата. Во филмот се појавува актерска екипа во состав: Харви Кител, Тим Рот, Мајкл Медсен, Крис Пен, Стив Бушеми и Лоренс Тиерни. Тарантино во филмот има една помала улога, како поранешниот криминалец и подоцна писателот Еди Банкер. Овој филм спојува повеќе теми и естетики кои станаа заштитни знакови на Тарантино: насилен криминал, наводи од поп-културата, впечатлив дијалог, обилни вулгарности и нелинеарно прикажан тек на приказната.

Филмот стана класика на независните филмови и култен хит. Списанието Емпајр (Empire) го прогласи за „најголемиот независен филм на сите времиња“. Филмот генерално добро беше примен кај публиката, а актерите добија позитивни мислења од филмските критичари. Иако филмот не забележа голем успех на кино благајните, својата популарност ја стекна веднаш по успехот на вториот филм на Тарантино, „Евтини приказни“од 1994 година кој во Кан ја освои Златната палма за најдобар филм.

 b 2 copy copy

ДЕВОЈКА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ

Филмот „ Девојка од милион долари “ е дело на Клинт Иствуд кој тој го создаде во 2оо4 година според сценариото на Пол Хаџис а го создал според книгата „ Јажето гори“ на Ф.Х. Тул. Во филмот покрај Клинт Иствуд настапуваат уште и Хилари Свонк и Морган Фримен. И овој филм се закити со голем број на награди, дури 75 и 41 номинација за филмски награди на голем број

на филмски манифестации и фестивали.Меѓу нив секако се најважни четирите награди Оскар во категориите : Најдобар филм,најдобра режија, најдобра женска главна улога за Хилари Свонк и најдобра епизодна машка улога за Морган Фримен. Филмот имал вкупно седум номинации за наградата Оскар а освоил и два Златни глобуси.

Клинт Иствуд во филмот го игра ликот на боксерскиот тренер Френки Дан кој е и сопственик на сала за вежбање во која тренираат млади боксери. Нему му помага поранешниот боксер Еди Скреп (го глуми Фримен), единствениот пријател на Френки, кој е затворен во себе и страда поради оддалеченоста со ќерка му. Еден ден, во салата доаѓа девојката Меги Фицџералд (ја игра Свонк), која бара од Френки да ја научи да боксува. На почетокот, Френки одбива, но подоцна се нафаќа да ѝ биде тренер и менаџер на Меги, која многу брзо напредува во боксерската вештина. Кариерата на Меги се развива брзо и таа лесно ги победува противничките. Притоа, Френки секогаш ѝ го повторува основното правило во боксот: Заштити се себеси! Но…

 b 3 copy

ОДМЕТНИКОТ ЏОЗИ ВЕЈЛС

Уште едн филм на хиперпродуктивниот Клинт Иствуд се наоѓа меѓу првите десет

најдобри филмови на најдобри режисери –актери. Се работи за вестернот „ Осветникот Џози Вејлс“ од 1976 година чие дејствие се случува кон крајот на Американската граѓанска војна.

Џози Вејлс е повлечен фармер од Мисури ,кој ќе биде принуден да се одмазди по варварскиот брутален и беспотребен колеж на неговото семејство од страна на северњачката банда викана Редлиџс. Џози им се приклучува на групата јужњачки герилци која ги води „ Крвавиот Бил“ Андерсон.При крајот на војната , неговите соборци герилци се обидуваат да се предадат , но ќе ги убијат Редлиџсите, сега како дел на регуларната северњачка војна, која ја запалила фармата на Џози и му го убиле семејството.

Џози, кој одбива да се предаде, започнува да бега о северњачките сили и ловци на глави, а во истовреме бара одмазда и шанса за нов почеток во Тексас.

Случувањата во филмот се темелени на опустошувањето на Оскеола во Мисури на 23.септември.1861 година во Граѓанската војна.

Филмот имал номинација за Оскар за најдобра оригинална оригинална песна .Во 1996 година Конгресната библиотека овој филм го прогласила за  „ културно, историско или естетски значајно“ дело и го одбрала за чување во Државниот филмски регистер. Освен тоа, тој е еден од неколкуте вестерни кои доживеале уметнички и комерцијален успех во седумдесетитите години , период кога се сметало дека вестернот бил на издишување како главен холивудски жанр.

Освен тоа овој филм се смета за ревизионистички вестерн . Еден од главните причини за тоа е главниот јунак , кој е одметник, додека северњачката ( значи американската) коњица е прикажана во негативно светло.Тоа е во директна спротивност со вестерните  со Џон Вејн и Џејмс Сттјуарт во кои главниот јунак е секогаш на страната на редот и законот.

Клинт Иствуд своевремено изјавил дека тоа е за него најомилениот филм.

 b 4

СЕЧИВО

Били Боб тортон кај љубителите на филмот повеќе е познат како актер одколку како режисер.Досега има режирано четири играни филмови од кои првиот го режирал во 1996 година. Се работи за филмот„ Сечиво“ во кој тој ја толкува и главната улога.

Се работи за драма која се одвива во руралниот Арканзас.Филмот ја раскажува приказната за еден човек со име Карл Чилдерс кој има попреченост во развојот и е ослободен од психијатриска болница  каде што престојувал по убиството на неговата мајка и нејзиниот љубовник , кога тој имал 12 години.

Филмот преставува адаптација на краткиот филм кој предходно го снимил Тортонј според сопствено сценарио.Филмот „ Сечиво“ од него направи вистинска ѕвезда.Филмот освои Оскар за најдобро адаптирано сценарио а Тортон имаше и номинација за Оскар за најдобра машка улога.Тортон нешто подоцна режираше уште три играни филма од кои последниот „ Колата на Џејн Менсфилд“ во 2012 година а во кој ја играше главната улога.

 b 5

АРГО

Познатиот актер Бен Афлек во  2012 година,го режираше филмот „ Арго“ кој преставува историско биографска драма. Сценариото е работено според книгата „ Господар на маските“, напишана од агентот на ЦИА Тони Мендес, како и според статијата на Џошуа Бергман, „ Големото богаство“ во која се раскажува како Мендес го предводел американскиот тим во мисијата близу Техеран, во која требало да ги ослободат американските дипломати од „Иранската заложничка криза“ (1979).

 Бен Афлек го игра ликот на Мендес, додека во останатите улоги се појавуваат: Брајан Кранстон, Алан Аркин и Џон Гудман. Премиерата на филмот во Северна Америка била на 12 октомври 2012 година, а ова остварување добило поволни оценки од страна на филмските експерти. Продуценти на проектот се Грент Хеслов, Бен Афлек и Џорџ Клуни. Приказната за ослободувањето била предмет и на документарната програма „ Бегство од Иран:Канадскиот скок“.
По прикажувањето низ светските кино сали, „Арго“ ги освоил симпатиите на пошироката јавност, а освен тоа добил неколку номинации за престижните филмски награди. Добил седум номинации за “Оскар“, од кои освоил три, меѓу кои и во категоријата за „најдобар филм“, „најдобро сценарио“ и „најдобра монтажа“. На церемонијата „Златен глобус“, филмот освоил пет признанија, од кои и оние за „најдобар филм“ „најдобра режија“ и „најдобра машка споредна улога“ за актерот Алан Аркин. Три награди освоил и на Британските филмски награди (БАФТА).

Бен Афлек како режисер дебитираше во 2007 година со филмот„ Оди , девојко оди“ а веќе подготвува уште два режисерски проекти.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 158
Share
Previous Post

ОВА Е РЕТКО БОГАТО ПАРЧЕ ЗЕМЈА Светски ден на биолошката разновидност 22 Мај 2016 година

Next Post

Четири земјотреси ја погодија Југозападна Македонија, граѓаните вознемирени

Next Post

Четири земјотреси ја погодија Југозападна Македонија, граѓаните вознемирени

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 158

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk