
На коно репртоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид нов детски филм.
Џакомо отсекогаш сакал да има мал брат за да си игра, а од кога ќе се родил, неговите родители му велат дека неговиот брат е „специјално“ дете. Тогаш помалиот брат Џовани, се претвора во суперхерој со неверојатни моќи во фантазијата на неговиот голем брат, како оние во неговите стрипови. Со текот на времето, Џакомо ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, состојба која одлучува да ја чува во тајност. Кога оди во средно училиште и се вљубува во Аријана, тој го крие постоењето на Џио од неа и неговите нови пријатели. Но, како можеш да очекуваш некој да те сака ако сокриеш толку важен дел од себе? За кратко време, вистината излегува на виделина и Џакомо сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни. Оригиналниот изглед на Џио навистина го менува светот, исто како суперхерој
Година: 2019
Режија: Стефано Ципани
Времетраење: 101 мин
Земја: Италија
Жанр: Комедија, фамилијарен
Дистрибутер: Катавеј
Возрасна Категорија: 12+
Билетите по цена од 100 денари се во продажба на билетарницата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
Публицитет.мк






