
Деновиве во студиото на композиторот, аранжер и продуцент Јовица Каралиевски во Охрид беше мошне живо.
Детскиот хор „Весели бисерчиња“ точно пред новогодишните празници ја сними десеттата „Божиќна песна“. Автор на музиката и текстот е Татјана Узуноска – Тренеска, уметнички раководител на хорот а аранжер е Јовица Каралиевски.

Премиерно со оваа песна хорот „Весели Бисерчиња“ е поканет да настапи во Ресен на градскиот плоштад на 31 декември како увертира во тамошната прослава за дочек на новото лето.

Инаку хорот постои од 2017 година и амбициите се наскоро да биде објавено ЦД со нивните изведби и песнарка во која ќе се најдат сите опеани стихови.
Публицитет.мк






