Во прилично долгата историја на серијалот филмови за тајниот агент Џејмс Бонд од 1962г.(филмот „ др. Но“) па се` до денес 2015 година , кога во понеделник на 26 .октомври во Лондон ќе биде одржана светската премиера на последниот филм од овој серијал („ Спектра“ ) продефилираа голем број на таканаречени „ Бонд девојки“ без кои не може да се замисли ниту еден филм од овој серијал.Нивниот избор е мошне важен за вкупниот впечаток кој треба да го остави филмот кај верната публика од овој серијал , без разлика дали тие му помагаат или му одмагаат на тајниот агент 007, кој пак без разлика на нивната определба подеднакво се справува со сите нив.
Меѓу сите нив , во 25 филма за агентот Џејмс Бонд од кои 24 официјални и еден независен,продефилирале дури 77 актерки ,познати и непознати. Во оваа бројка не влегуваат актерките кои се службено соработнички на Бонд како секретарката Монипени и неговата шефица ЕМ.
Сите тие девојки имале една заедничка задача, да бидат емотивно заинтересирани за агентот 007 според непишано правило. Сите тие се убави и имаат просечно по 26 години, иако овој просек во последниот филм „ Спектра“ го надминува една од девојките на Бонд ,Моника Белучи со своите 51 година. Впрочем таа и самата во едно неодамнешно интервју по повод нејзиниот ангажман во филмот„Спектра“ ќе рече:„Кога ме контактираше режисерот Сем Мендес помислив дека ме бара за да ми ја понуди улогата на шефицата ЕМ. Но, кога ми објасни дека сака една повозрасна жена за да го заведе Бонд , помислив дека ова може да биде нашто револуционерно“.
Меѓу досегашните Бонд девојки има голем број на актерки кои не биле познати или биле малку познати а кои по настапот во некој во филмовите од овој серијал станале популарни но и голем број на познати актерки кои пред да настапат во некој од филмовите за Боннд веќе имале изградено своја кариера.
Интересно е дека сите тие настапиле само во по еден филм од овој серијал. Единствен исклучок се актерките Мод Адамс која има два пати настапено како девојка на Бонд и тоа во филмовите „ Човекот со златниот пиштол“(1974) и „Октопуси“ (1983) и актерката Наѓа Регин која игра различни улоги во филмовите „ Голдфингер “ и „ Од Русија со љубов“.Инаку Наѓа Регин е всушност србинка која е родена во Ниш и чие вистинско име е Надежда Подерегин. Откако ќе сними неколку филмови во некогашна Југославија таа оди во странство и го зема уметничкото име Наѓа Регин. Но таа не единствената актерка од некогашните Ју простори која настапила во некој од вфилмовите за Бонд. Имено во филмот „Шпијунот кој ме сакаше“ од 1977 настапи и Олга Бисера односно Бисера Вукотиќ од Босна .
Приказната за Бонд девојките започна во далечната 1962 година со една од најпрочуените сцени во историјата на филмот кога швајцарската актерка Урсула Андрес во бел костим за капење излегува од вода , со што стана една од најзначајните секс симболи на големото платно.За улогата на Хони Рајдер , во овој филм, таа добила хонорар од 10000 долари и се разбира влез во историјата на филмот.Во овој прв филм за тајниот агент 007 настапуваат уште две актерки Еунија Гејсон во ликот на Силвија Тренч која е во служба на Бонд и коа ќе настапи во истиот лик и во филмот „ Од русија со љубов“. Втората актерка која настапува во „ Др. Но“ е Зена Маршал во ликот на Мис Таро.
Од познатите актерки кои настапиле во некој од филмовите за Џејмс Бонд ќе ги споменеме уште и:Даниела Бјанки,Хонор Блекмен( која со своите тогашни 39 години била постара од Шон Конери во филмот„ Голдфингер“ кој тогаш имал 34 години),Клодин Оже, Лучијана Палуци, Карин Дор, Дајан Риг, Џил сет Џонс, Лана Вуд (родена сестра на Натали Вуд),Џејн Сејмур, Ким Бејсинџер, Меделин Смит, Брот Екланд, Барбара Бах, Корин Клери, Керол Буке,Тања Робертс, Грејс Џонс, Маријам Д`Або,Талиса Сото,Изабела Скорупко, Фемке Јансен, Мишел Јео, Тери Хачер, Денис Ричардс,Софи Марсо,Хали Бери, Розамунд Пајк, Ева Грин, Катерна Мурино,Олга Кириленко, Гема Артертон, Моника Белучи и Леа Сејду.
Меѓу актерките се разбира најмногу има англичанки, французинки,италјанки, американки но и неколку актерки од далечниот исток .Така во филмот „Само двапати се живее“ како девојки на Бонд настапуваат јапонките Мие Хама и Акико Вакајабаши но и кинеската актерка Тсаи Чин.
Во филмовите „Голфингер“ , „ Операција гром“ , и „ Дијамантите се вечни“ Бонд морал да излезе на крај со по пет Бонд девојки, во филмовите „ Човекот со златен пиштол“ , „Шпијунот што ме сакаше “ , „ Операција вселена “ и „ Поглед на убиство“ тој се „борел“ “ со четири девојки.Во останатите филмови Бонд лесно излегувал на крај со по „ само “ две -три девојки.
Една група на британски академици пред неколку години утврдиле дека идеалната „ Бонд девојка“ има американски акцент, и носи револвер ! На тој опис досега најмногу одговарале актерките Луис Чајлс од филмот „ Операција вселена “ (1979) и Лана Вуд како Пленти О`Тул во филмот „ Дијамантите се вечни“ (1971).
И податоците за бојата на косата на Бонд девојките е мошне интересна.Само 20 проценти биле русокоси,дури 40 проценти црнки, 19 бринети а само 9 проценти црвенокоси.Гледано пропорционално , оние со потемна коса имале поголема шанса да легнат со Бонд.
Британците не ги мрзело да пресметаат ниту колку женски ликови со долга коса едноставно морале да завршат со агентот на МИ6 во кревет- 18 посто , во однос на 22 проценти со каратка коса.
Дури три четвртини од девојките биле бели, 8 проценти азијатки, 7 црнкињи, сосема малку арапки и индијанки. Секоја петта Бонд девојка не го дочекала крајот на филмот.
Досега имало многу обиди од големиот број на Бонд девојките да се направи листа од 10 „ нај“. Ликовите кои најмногу се појавуваат на тие листи се Ања Амасова односно Барбара Бах во филмот „ Шпијунот што ме сакаше“, Тереза де Виќенцо односно Дајан Риг во филмот „ Во служба на нејзиното височество“ и Хани Рајдер односно Урсула Андрес во филмот „ Др. Но“ која во повеќето случаи е број еден Бонд девојка.
До ден денешен , само две од сите нив успеале на овој суперагент да му го скршат срцето. Првата е Трејси ди Виќенцо ( Дајан Риг) која дури и ќе се омажи за него во 1969 година во филмот „ Во служба на нејзиното Височество“ иако таа своевидна идила завршува со нејзино убиство и втората , Веспер Линд (Ева Грин) во филмот „ Казино Ројал“ заради чија љубов Бонд дава дури отказ од работата во МИ6 за да може нормално да живее покрај жената што ја љуби,но и таа љубов ќе пропадне откако Веспер ќе биде удавена во Венеција.
Со што ќе останат двете најнови Бонд девојки Моника Белучи и Леа Сејду од филмот „ Спектра“ останува да покаже времето.Едната од нив , Моника Белучи веќе си обезбеди место како втора актерка која е повозрасна од Бонд а која успеала да го освои неговото срце. Имено, по Хонор Блекман која во „ Голдфингер“ го освои Бонд иако била повозрасна од него за пет години тоа еве и успеало и на Моника Белучи која е повозрасна од Даниел Крејг за само три години. Но , кој е тој што ќе рече дека таа зачекорила во шестата деценија од животот.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк