Во организација на Здружението на дијабетичари од Охрид денеска се одржа заедничко – едукативно дружење на дијабетичарите и заинтересираните граѓани на тема: „Шеќерната болест и компликациите од очни заболувања“
Предавачи беа: д-р Фанка Гилевска – специјалист офталмолог и д-р Александра Гочева Јерчиќ од болницата СИСТИНА ОФТАЛМОЛОГИЈА од Скопје и Битола.
Во хотелот „Милениум“ една од салите беше претесна да ги прими сите заинтересирани кои на докторките по предавањата им поставуваа конкретни прашања сврзани со нивната здравствена состојба – дијабетесот и здравјето на очите.
Присутните добија бесплатно мерење на очен притисок и мерење на шеќер во крвта.
Најважното е што за сите присутни на предавањата а освен од Охрид имаше и од Струга.
Стручниот тим од СИСТИНА ОФТАЛМОЛОГИЈА најави дека пациентите од ноември минатата година од овој дел на Македонија немаат потреба од патувања и трошоци до Скопје за да одат на преглед. Вистинската заштита на здравјето на очите можна е и во битолската очна болница, во која освен стандардниот тим по потреба прегледи вршат и нивни колеги од Скопје.
Публицитет.мк