По 98,69 отсто обработени гласачки ливичиња според ДИК разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ падна на околу 1,24 %
Податоците се од 5 часот утрово – понеделник од веб страницата на ДИК
ВМРО-ДПМНЕ засега има 449.437 гласа, а Коалицијата на СДСМ има 434 835 гласа и разликата е 14 872 гласа
Синоќа и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ прогласија победа на изборите и почнаа да слават.
Претседателот на ДИК Александар Чичаковски најави дека бројот на мандатите кои ги освоија партиите учеснички во предвремените парламентарни избори ќе биде соопштен во текот на денов – понеделник
Вкупен број на избирачи запишани во Избирачкиот список | 1.784.416 |
Вкупен број на избирачки места | 3.524 |
Број/Процент на избирачки места од кои пристигнале податоци (без ЗРД) | 3.478 / 98,69% |
Вкупен број на избирачи кои гласале во ИМ од кои пристигнале податоци | 1.183.443 |
Вкупен број на важечки гласачки ливчиња | 1.145.806 |
Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња | 37.639 |
Процент на избирачи кои гласале во ИМ од кои пристигнале податоци |
Публицитет.мк