Во просториите на Црвен Крст Охрид деновиве се одржа информативна и дисеминациска работилница со младите волонтери со цел да се информираат за искуствата од летниот камп.
Работилницата јна која присуствуваа 20 волонтери ја одржаа Димитар Назифовски, долгогодишен волонтер и Весна Терзиоска – дисеминатор.
Дисеминациска сесија стави посебен аспект на документите со кои е уредена работата на младите во организацијата на Црвен крст.
Младите после долго време повторно ја почувствуваа магијата на волонтерските состаноци во живо, а вечерта заврши со игри за развивање на ораторски и комуникациски способности кај нив.
Публицитет.мк