Отстрането соборено дрво во паркот “Билјанини извори”, после вчерашното невреме, информира градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.
Исто така, во текот на денешниот ден, извршено е и чистење на несоодветно депониран зелен отпад во месноста „Сараиште“.
Комуналните служби чистеа и дива и обрасната вегетација во кругот на поранешната Касарна. Денеска двосменски се чистат и одржуваат плажите, а редовно се подигаше отпадот и се метеа јавните површини.
Извор:Официјална ФБ страница на градоначалникот Георгиески