Весникот „Дневник“ пишува: Стар натпис кој досега не и беше познат на науката пронајден е на столбовите од манастирот Свети Наум.
Научниците што го правеа истражувањето сметаат дека со кирилско писмо е напишано „почина б“ . Ова откритие е на германски реставратори од универзитетот „Ото Фридрих“ од Бамберг кои повеќе денови ги снимаа столбовите од манастирот со најнова ласерска опрема за откривање натписи.
Иницијатор на проектот е славистот д-р Себастијан Кампген, редовен професор по лингвистика на словенски јазици во Бамберг и почесен професор на битолскиот универзитет.
Нашиот проект беше многу плоден. Обработката на податоците што ги снимивме ќе трае некоилку месеци, а потоа тие податоци ќе бидат достапни за сите научници да може да ги користат во нивните научни трудови – изјави професорот Кампген.
Еве што друго пишува во весникот Дневник на оваа тема: – линк
http://dnevnik.mk/?ItemID=3659247E14580040A2BFD6AF908932DC