• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

До последен здив – Жан Пол Белмондо (1933 – 2021)

септември 8, 2021
in Филмољубие

Во понеделникот на 6.септември во својата куќа во Париз почина Жан Пол Белмондо,уште една легенда не само на француската, европската туку и на светската кинематографија.

Оваа тажна вест осамна на насловните страни на многу водечки светски медиуми но и на друштвените мрежи на кои милиони почитувачи се простуваа од овој великан на филмското платно но и неговите колеги.

 

                                                                             b1 copy

На веста за неговата смрт , неговиот голем пријател ,Ален Делон , рекол:„Наполно сум скршен, уништен.Ќе се обидам да издржам неколку часови за да не го направам истото. Тој е дел од мојот живот, заедно дебитиравме пред 60 години“.

Председателот на државата Емануел Макрон на веста за смртта на Белмондо напишал  „Белмондо засекогаш ќе биде величенствен“. Тој  рекол дека Франција изгубила национално благо.

А  Белмондо , или Бебел како што го викаа французите, имаше прекрасен живот, полн со успеси и авантури , толку возбудлив што би можело да се сними и филм за него.

Според неговите познавачи тој животот го живеел „до последниот здив“ , онака како што сакал а тоа е голема работа за секој човек.Тој беше автентичен јунак на сопствениот живот и во своите поодминати години се’ до својот крај . Беше препознатлив по отмената париска ноншалантност, својот шарм , харизма …Можеби најдобро во една реченица го опишал еден негов француски почитувач :„Кога на улица ќе го сретнеш Белмондо, никогаш не знаеш дали ќе те прегрне или ќе те нокаутира“.

Jean Paul Belmondo is dead

Белмондо бил роден на 9.април1933 година во едно предградие на Париз.Неговиот татко бил скулпторот Пол Белмондо .Неговиот татко му овозможил да посетува неколку приватни училишта . Во младоста повеќе го интересирал спортот а како тинејџер кусо време бил и боксер аматер а играл и фудбал.Од 1949 до 1950 година имал три боксерки меча и сите го добил со нокаут. Но од боксот се откажал со образложение дека кога се погледнал во огледало приметил дека „му се менува лицето“.

Откако одслужил војска 6 месеци во Алжир, и откако ја преболел туберкулозата , Белмондо се заинтересирал за глума.Од трет обид , во 1952 година , се запишал на Националната академија за драмска уметност каде поминал четири години. По дипломирањето претежно настапувал во театар каде играл споредни улоги.

Својата прва филмска улога ја остварува во 1957 година во комедијата „Пешки, со коњ, автомобил“ на режисерот Морис Делбез.Подоцна постапно добива поголеми улоги . Во филмот „Измамници“ од 1958 година на режисерот Марсел Карне  и во трилерот „Двоен обрт“ од 1960 година на познатиот режисер Клод Шаброл.

                                                                                     b11

Извонредни признанија на меѓународната филмска критика стекнува со улогата во неговиот осми филм за оригиналното толкување на сложениот лик на романтичниот престапник во филмот „До последен здив“ на режисерот Жан Лик Годар во 1960 година. Филмот се смета за еден од првите и најуспешни примери на францускиот Нов бран.

На режисерот Годар ова му бил првиот долгометражен филм како и на актерката Џин Сиберг која се прослави по улогата во овој филм во кој го игра главниот женски лик.На фестивалот во Берлин ,Годар беше награден со Сребрена мечка за најдобар режисер. Филмот постигна фантастичен успех кај публиката и критиката. Само во Франција филмот го виделе над два и пол милиони гледачи.

Многумина по улогата во овој филм Белмондо, го споредуваа со Хемфри Богарт. Она што Богарт во 40 тите и 50 тите години од изминатиот век значеше за американскиот црн бран тоа истото една деценија подоцна беше Белмондо во филмовите од францускиот Нов бран.

b5

Со неговиот ментор ,Годар, Белмондо ќе сними уште два мошне важни филмови на почетокот од неговата арт кариера.Тоа се филмовите „Жена е жена“ од 1961 год. И „Лудио Пјеро“ од 1965 година.Во тој периотд соработува и со други режисери од таканаречениот француски Нов бран (Луј Мал, Клод Шаброл, Жан Пјер –Мелвил, Франсоа Трифо…).Во истовреме заедно со Ален Делон , со кого во тој период постојано го споредуваат, станува клучен преставник на една исклучителна генерација на филмски творци на која и се восхитуваше цел свет.

                                                                                   b4

Во тој период тој настапува и во странство особено во Италија каде игра ликови на класичен реалистички начин, како на пример во филмот „Модерато кантабиле“ на режисерот Питер Брук каде игра лик на интровертен осаменик,во „Чочара“ на режисерот Виторио Де Сика покрај Софија Лорен каде толкува лик на добродушно момче кое ќе загина во војната, на припросто селско момче кое страда во филмот „Странпутица“ на Марио Болоњини. Во тој периот ги реализира и улогите во филмовите „Свештеникот Леон Морин“ на режисерот Жан Пјер Мелвил како и улогата во филмот “Крадливецот од Париз“на режисерот Луј Мал во кој игра момче кое краде од одмазда и на кого грабежот потоа му станува страст.

                                                             b8

Во почетокот на 60 тите расте и неговата популарност кај публиката по неговиот настап во голен број на авантуристички и трилер филмови како и во комедии.По настапот во филмот „Човекот од Рио“ на режисерот Филип де Брока (1963) тој станува најомилениот француски актер и еден од најпопуларните во Европа. Во тој период ги снима филмовите „Картуш“, „Човекот од Хонг Конг“,„Сирената од Мисисипи“,„100000 долари на сонце“,„Борсалино“, „Гори ли Париз?“,„ Аферата Стависки“ ,„ Клетници“, „Наследник“, „Марсејскиот клан“,„ Во лавиринтот на моќта“, „Полицаец или бандит“,„Професионалец“, Маргиналец“, „ Доктор Попаул“, „Страв над градот“, „Ас над Асовите“…Таквата популарност ја одржува до почетокот на 80 тите години од изминатиот век.Воедно заради извонредниот комерцијален успех на неговите филмови станува еден од највлиателните личноси во француската кинематографија.

Многумина критичари го сметаа Белмондо за најизворна актерска појава и најавтентична ѕвезда која се појавила во почетокот на 60 тите години. Такаречи сите негови улоги од тој период се одликуваат со специфична карактеризација на ликовитеи оригиналност во глумењето.Во филмовите од новиот француски бран тој создаде нова верзија на ликови губитници, но охрабрени со надеж и мечти.Воедно тоа беа ликови кои се склони кон црниот хумор и престапи , исполнети со презир кон малограѓанштината и конвенционалноста, предадени од жените, доведени до самоубиство, ликови какви пред дваесетина години порано креирале Жан Габен и Хемфри Богарт.

b3

Од друга страна во неговите комерцијални филмови, во кои дојдоа до израз неговите атлетски способности ,каде сите опасни акциони сцени ги изведуваша без дублер, но откако се повреди нна снимањето на филмот “Hold – Up” во 1985 година , тоа престана

да го прави.

Тој  во овие филмови изгради ликови на акциони ликови полни со хумор и елементи на автопародија.

Настапот во комерцијалните филмови беше критикуван од страна на многумина филмски критичари но и на неговите колеги актери и режисери кои му забележаа дека „за џабе го троши својот талент“, со што Белмондо не се согасувал.

Белмондо честопати истакнувал дека подеднаво уживал и кога снимал авторски и популарни филмови.„Тоа е како во животот. Понекогаш се смееме, а понекогаш плачеме“

рекол тој.

Белмондо во својата кариера настапи во над осумдесет филмови а играше и во четириесетина театарски престави.

                                                                 b9

По седум годишна пауза ,заради мозочниот удар кој го доживеал во 2001 година кога престојувал на Корзика и кога му била парализирана десната страна од лицето, тој го сними својот последен филм „Човекот и неговото куче“ во 2008 година.

                                                                               b7

Во 2011 година на Канскиот филмски фестивал му беше врачена почесната Златна палма а во 2016 година во Венеција го доби Златниот лав за животно дело.Во таа прилика тој рекол:„ Никогаш не размислувам за минатото, туку само одам напред и напред“.

u1 3 112390175

Белмондо имал мошне бурен семеен живот. Се женел два пати, прва сопруга му била актерката Елоди Костантин , а нивниот брак таел од 1952 до 1968 година.Изродиле три деца:Патриција, Флоранс и Паула.

Помеѓу првиот и вториот брак тој имал неколку повеќегодишно врски со познати дами.Со шведската актерка Урсула Андрес бил во врска од 1965 до 1972 година,со италијанската актерка Лаура Антонели бил од 1972 до 1980 година, додека со бразилската актерка Карлос Сото Мејор бил во врска од 1980 до 1987 година.

По втор пат на лудиот камен застанал во 2002 година со танчерката Нати Тардивел по 10 годишна врска, а бракот траел до 2008 година.Втората сопруга му ја родила четвртата ќерка, Стела Ева Ангелина, кога тој имал 70 години.

По распаѓањето на вториот брак Белмондо бил во врска со Барбара Гандолф од 2008 до 2012 година.

                                                                                                       b12

Својот 88 роденден тој го прослвил во друштво со своите деца и внуци, а тука била и неговата најмлада ќерка 17 годишната Стела Ева Ангелина.

„Моето животно дело , пред се’ , се моите љубови, жените кои ги сакав, моите деца и внуци, и тоа што секогаш имав сила да се вљубам“рекол во една прилика не толку одамна Белмондо, великан кој за бројни генерации ширум светот ќе остане симбол на младоста, шармот и животните авантури.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 141
Share
Previous Post

Во петок и сабота на Долни Сарај ќе се одржи 28 – то издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“

Next Post

Свежо цвеќе по повод Денот на независноста

Next Post
Свежо цвеќе по повод Денот на независноста

Свежо цвеќе по повод Денот на независноста

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 141

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk